Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.203 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Сателитска снимка на Тенерифе
Сателитска снимка на Тенерифе

Тенерифе — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители, опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија.

Островот го посетуваат пет милиони туристи секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот. Островот е еден од најважните туристички дестинации во Шпанија и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот. Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот.

Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес. Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови.

На островот се наоѓа и Универзитетот на Ла Лагуна, основан во 1792 година во Сан Кристобал де Ла Лагуна. Овој универзитет е најстариот универзитет во Канарските Острови. Градот Ла Лагуна е вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и бил главен град на Канарските Острови пред да го замени Санта Крус во 1833 година. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Големото Езеро во националниот парк „Седум Езера“, Турција.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гагаузи
Гагаузи
На денешен ден…

Денес е 4 јули 2024 г.

Настани:

1054 Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина.
1776 На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802 Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855 Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“.
1862 Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата“; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
1918 Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939 Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004 Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
2012 По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон.

Родени:

1546 Мурат IIIотомански султан.
1804 Натаниел Хоторнамерикански писател.
1807 Џузепе Гарибалдииталијански револуционер.
1855 Влахо Буковац — хрватски сликар.
1884 Луис Б. Мајерфилмски продуцент.
1917 Манолетешпански матадор.
1921 Жерар Дебрефранцуски економист, добитник на Нобеловата награда.
1926 Алфредо Ди Стефано — аргентинско-шпански фудбалер и тренер.
1927 Џина Лолобриџидаиталијaнска глумица.
1928 Џампјеро Бониперти — италијански фудбалер.
1940 Филип Давид — српски писател.
1949 Славенка Дракулиќ — хрватска писателка.
1961 Хусреф Мусемиќ — босански фудбалер и тренер.
1965 Хорас Грант — американски кошаркар.
1972 Нина Бадриќ — хрватска поп-пејачка.
1995 Поуст Малоун — американски поп-музичар.

Починале:

1826 Џон Адамс — американски политичар.
1826 Томас Џеферсон — третиот американски претседател.
1826 Џон Адамс — вториот американски претседател.
1868 Димитриј Иванович Писарев — руски писател.
1916 Алан Зигерамерикански воен поет, познат по својата песна Вечерва имам состанок со Смртта.
1934 Марија Кири-Склодовска — полско-француска хемичарка и физичарка.
1938 Ото Бауер — австриски социјалист.
1944 Благој Јанков - Мучетонароден херој на Македонија.
1970 Барнет Њуман — американски сликар.
1977 Мигел Најдорф — аргентински шаховски велемајстор.
2003 Бери Вајтамерикански пејач, познат како Човекот со кадифен глас.
2005 Неџми Мехмети — македонски писател.
2006 Васко Липовац — хрватски сликар.

Празници:

Ден на независноста на САД, кога во 1776 година Конгресот на САД ја донел Декларацијата за независност.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик