Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.111 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Атенатотот врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд во Сараево пред точно 110 години. Илустрација од Le Petit Journal.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Сончевиот систем во вистински бои
Сончевиот систем во вистински бои
На денешен ден…

Денес е 28 јуни 2024 г.

Настани:

1098 Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во Битката кај Антиохија.
1389 Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите.
1914 Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.
1919 Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.
1948 Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.
1967 Израел го анектира Источен Ерусалим.
1989 На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 години од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.
1993 Република Македонија станува членка на УНЕСКО.
2001 Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.

Родени:

1476 Павле IV — римски папа.
1491 Хенри VIIIкрал на Англија.
1577 Петер Паул Рубенс — фламански сликар.
1712 Жан Жак Русофранцуски филозоф.
1849 Младен Дилевски — македонски поет.
1867 Лујџи Пиранделоиталијански писател, добитник на Нобеловата награда.
1880 Никола Киров Мајски — македонски писател.
1922 Марио Болоњини — италијански режисер.
1926 Мел Брукс — американски режисер и глумец.
1932 Драгољуб Ставрев — македонски политичар.
1952 Пјетро Менеја — италијански атлетичар.
1957 Георги Првановпретседател на Бугарија.
1965 Џон Медески — американски џез-музичар.
1966 Џон Кјузак — американски глумец.
1979 Тим Макордрок-музичар, член на групата „Evanescence“.
1981 Васил Кириенка — белоруски велосипедист.
1982 Томислав Пачовски — македонски фудбалер.
1986 Петар Ненадиќ — српски ракометар.
1991 Кевин Де Бројне — белгиски фудбалер.
1996 Дона Векиќ — хрватска тенисерка.
1999 Маркета Вондрушова — чешка тенисерка.

Починале:

767 Павле Iримски папа.
1183 Хенри Младиот — крал на Англија.
1586 Примож Трубар — словенечки протестантски реформатор.
1598 Абрахам Ортелиј — фламански картограф, татко на современиот атлас.
1836 Џејмс Медисонпретседател на САД.
1189 Матилда — војвотка од Саксонија.
1904 Никола Каранџулов — македонски револуционер.
1914 Франц Фердинанд — австриски принц и престолонаследник.
1921 Ѓорче Петров — македонски револуционер.
1922 Велимир Хлебниковруски поет.
1975 Род Серлингамерикански сценарист, автор на серијата „Зона на самракот“.
1992 Михаил Таљсоветски шахист со потекло од Латвија.
1993 Борис Христов — бугарски оперски пејач.
2008 Рони Метјуз — американски џез-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик
🔥 Top keywords: Главна страницаГрузијаВесна ЈаневскаСпецијална:БарајХристијан МицкоскиКарлес ПуџдемонЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеОче нашРелигија во ГрузијаВикипедија:Подигни податотекаВлада на Христијан МицкоскиСкопјеХороскопски знациФјодор Михајлович ДостоевскиАрбен ТаравариКатегорија:Села во МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND)Втора светска војнаСпецијална:СкорешниПромениВлада на МакедонијаСистемски лупус еритематозусТимчо МуцунскиЏулијан АсанжМРТ 3Список на змии во МакедонијаЉубомир ГајдовАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМочуриштеСписок на градови во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаГеографија на МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеКатегорија:Дела на Фјодор ДостоевскиГрад (метеорологија)ГерманијаМакедонски парламентарни избори (2024)