Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 145.124 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Лице и опачина на пеперутката морфо менелај (Morpho menelaus, мажјак) од Пара, Бразил.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Гагаузи
Гагаузи
На денешен ден…

Денес е 29 јуни 2024 г.

Настани:

1838 Крунисана е британската кралица Викторија.
1880 Франција го анектира Тахити.
1888 Првата позната снимка на класична музика - Хендловиот ораториум Израел во Египет.
1914 Јина Гусева се обидува да го убие Григориј Распутин во неговиот дом во Сибир.
1948 Југославија е исклучена од Коминформот. Започнуваат прогони на идеолошките приврзаници на СССР во Југославија, тнр. период на Информбирото.
2002 Судири меѓу Северна и Јужна Кореја доведуваат до смрт на четири јужнокорејски морнари и до потопување на севернокорејски брод.
2005 Канада станува трета земја во светот, по Холандија и Белгија, која го признава бракот помеѓу припадници од ист пол.
2011 Тувалу ја признава Република Македонија под уставното име.

Родени:

1798 Џакомо Леопардииталијански поет.
1864 Наум Туфекчиев — македонски револуционер.
1877 Петар Кочиќ — српски писател.
1900 Антоан де Сент Егзиперифранцуски писател и воздухопловец.
1911 Бернард Херманамерикански филмски композитор.
1922 Васко Попа — југословенски поет.
1925 Џорџо Наполитано — италијански политичар.
1930 Славомир Мрожек — полски писател.
1948 Јан Пајс — британски музичар, тапанар на рок-групата „Дип Парпл“ (Deep Purple).
1951 Петер Вилфан — југословенски и словенечки кошаркар, новинар и политичар.
1954 Жуниор — бразилски фудбалер.
1955 Зорица Брунцлик — српска фолк-пејачка.
1963 Калид Ел Масри — германски државјанин.
1978 Никол Шерзингер — американска пејaчка.
1988 Евер Банега — аргентински фудбалер.
1991 Кавај Леонард — американски кошаркар.
1994 Лукаш Качмарек — полски одбојкар.
1994 Леандро Паредес — аргентински фудбалер.

Починале:

1861 Елизабет Барет Браунинг — англиска поетеса.
1933 Роско Арбакл — американски глумец и режисер.
1940 Пол Клешвајцарски уметник.
1945 Чеде Филиповски - Даменароден херој на Македонија.
1964 Ерик Долфи — американски џез-музичар.
1967 Примо Карнераиталијански боксер.
1967 Џејн Менсфилд — американска глумица.
1975 Тим Бакли — американски рок-музичар.
1984 Душан Недељковиќ — српски филозоф и етнолог.
1995 Лана Тарнер — американска глумица.
2003 Кетрин Хепбернамериканска глумица.
1931 Јозеф Масопуст — чехословачки фудбалер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


Јазик