Авенијата 9 јули, именувана во чест на Денот на независноста на Аргентина (9 јули 1816)Авенијата 9 јули, именувана во чест на Денот на независноста на Аргентина (9 јули 1816)
Буенос Аирес (шпански: Buenos Aires - „добар ветер, добар воздух“) е метропола и најголем град во Аргентина. Расположен е на десниот брег на реката Ла Плата при нејзиното влевање во Атлантскиот Океан.
Основач на првиот град кој денес се наоѓа на местото на Буенос Аирес бил шпанецотПедро де Медоса, под името Nuestra Señora Santa María del Buen Aire. Овој град бил напуштен во 1541 година за повторно да биде населен 1580 година. Самиот град не се ширел драстично сѐ до XVIII век, кога станал многу важно поморско подрачје. Во 1776 година градот станал главен на тогашното кралство на Шпанија, под името Rio de la Plata. На почетокот од XIX век, градот имал население од околу 50 000 жители.
Во 1806 година, градот бил окупиран од страна на Британците. Шпанија во тој момент не била доволно силна за да го одбрани градот, па самото население се дигнало на бунт и само се ослободило. Тоа всушност ја претставува и борбата на Аргентина за самостојност. Со нападот на Наполеон Бонапарт над Шпанија, на 25 мај1810 година била прогласена првата независна влада на Буенос Аирес. Независноста на Аргентина, пак, е прогласена на 9 јули1816 година во градот Тукуман, на север од земјата.
Извозот на земјоделските производи во Европа тотално придонеле за промена на градот во повеќе планови. Денешната архитектура на градот настанала токму во тогашно време. Во 1913 година, градот добил подземна железница, а една година подоцна, на објавениот попис на населението е установено дека во главниот град на Аргентина живеат околу 1 500 000 жители. Тоа продолжило и во наредните декади, така што веќе во шеесеттите години на минатиот век градот имал 3 000 000 жители.