Њутнов закон за гравитацијата

физички закон

Њутновиот закон за општата гравитација го опишува гравитациското заемодејство меѓу две тела со маса. Тој е дел од класичната механика и е формулиран за првпат во фундаменталниот труд на Исак ЊутнМатематички начела на природната филозофија“, објавен за првпат на 5 јули 1687 г. Овој закон гласи:

Меѓу секои две тела (материјални точки) дејствува привлечна, гравитациска сила, која е пропорционална на производот од нивните маси, а обратнопропорционална од квадратот на нивното меѓусебно растојание. Гравитациската сила дејствува долж правата која минува низ центарот на двете тела:

каде:

  • F е интензитет (јачина) на гравитациските сили меѓу две тела (правецот и насоката на гравитациските сили како векторски физички величини не е одреден со оваа равенка, погл. Њутновиот закон за гравитација во векторски облик);
  • γ е гравитациска константа, која некаде се означува и со g (важи само за Земјата);
  • m1 е масата на првото тело;
  • m2 е масата на второто тело;
  • r е меѓусебното растојание на двете тела (идеално е она растојание меѓу центарот на две масивни сфери).

Бидејќи растојанието е векторска величина, тогаш и силата е вектор, односно законот за гравитација во векторски облик изгледа вака:

каде е единичен вектор на правецот. Одовде е јасно дека силата е со спротивен правец во однос на растојанието, затоа и стои знакот минус, а тоа истовремено означува дека силата е секогаш привлечна.

Во SI F се мери во њутни (N), m1 и m2 во килограми (kg), r во метри, а вредноста на константата γ е приближно еднаква на 6.67 × 10−11 N m2 kg−2 (њутн по метар квадратен по килограм квадратен).

🔥 Top keywords: Главна страницаГрузијаВесна ЈаневскаСпецијална:БарајХристијан МицкоскиКарлес ПуџдемонЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеОче нашРелигија во ГрузијаВикипедија:Подигни податотекаВлада на Христијан МицкоскиСкопјеХороскопски знациФјодор Михајлович ДостоевскиАрбен ТаравариКатегорија:Села во МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND)Втора светска војнаСпецијална:СкорешниПромениВлада на МакедонијаСистемски лупус еритематозусТимчо МуцунскиЏулијан АсанжМРТ 3Список на змии во МакедонијаЉубомир ГајдовАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМочуриштеСписок на градови во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаГеографија на МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеКатегорија:Дела на Фјодор ДостоевскиГрад (метеорологија)ГерманијаМакедонски парламентарни избори (2024)