Амстел Голд Рејс 2015

велосипедска трка

Амстел Голд Рејс 2015 — 50. издание на велосипедската еднодневна трка Амстел Голд Рејс. Се одржала на 19 април и прва единаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Амстел Голд Рејс е дел од арденските класици, иако се одржува во областа Лимбург во Холандија наместо во белгиските Ардени. Се одржала една недела пред Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж, другите главни арденски класици. Бранителот на титулата бил Филип Жилбер, кој победил на трката трипати, како и друмската трка на сличен терен во 2012 година.[3]

Амстел Голд Рејс 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 11 од 28
Детали за трката
Date19 април 2015
Растојание258 км
Време6ч 31' 49" (39,5 км/ч)
Добитници на наградите
Победник Михал Квјатковски (ПОЛ)(Етикс-Квик Степ)
Втор Алехандро Валверде (ШПА)(Мовистар Тим)
Трет Мајкл Метјус (АВС)(Орика-ГринЕЏ)
2014
2016

Трката се одржала на рута долга 258 километри околу градот Фалкенбург; рутата вклучувала 34 кратки искачувања, некои од нив се повторувале. Одлучувачкото искачување било Кауберг, четвртото искачување на само 2 километри пред целта.

Откако неколку групи биле достигнати, одлучувачката борба се случула на последното искачување на Кауберг. Се создала мала група по искачувањето и спринтала за победа. Спринтот бил освоен од Михал Квјатковски, моменталниот светски првак; прва друмска победа по освојувањето на Светското првенство. Алехандро Валверде (Мовистар Тим) бил втор, додека Мајкл Метјус (Орика-ГринЕЏ) го заокружил подиумот.

Екипи

уреди

Бидејќи Амстел Голд Рејс е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани и така била заокружена групата од 25 екипи.[4] Со осум возачи во секоја екипа, вкупно настапиле 200 возачи.

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Резултати

уреди
ВелосипедистЕкипаВремеБодови за
Светската турнеја
1  Михал Квјатковски (ПОЛ)Етикс-Квик Степ6ч 31' 49"80
2  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тими.в.60
3  Мајкл Метјус (АВС)Орика-ГринЕЏи.в.50
4  Руј Кошта (ПОР)Лампре-Меридаи.в.40
5  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобери.в.30
6  Тони Галопен (ФРА)Лото-Судали.в.22
7  Жилијан Алафилип (ФРА)Етикс-Квик Степи.в.14
8  Енрико Гаспарото (ИТА)Ванти-Груп Гобери.в.10
9  Маќеј Патерски (ПОЛ)ЦЦЦ-Спранди-Полковицеи.в.6
10  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобери.в.2

Наводи

уреди
  1. „UCI го потврди календарот за Светската турнеја 2015“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 јануари 2015.
  2. „Календар на UCI за 2015“. UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
  3. Косинс, Питер (17 април 2015). „Почетнички водиш за Ардените“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 април 2015.
  4. „Конечно објавени специјалните покани за Амстел Голд“. VeloNews. 23 февруари 2015. Посетено на 18 април 2015.