Астероидно семејство

Астероидно семејство — групација од астероиди кои споделуваат слични сопствени орбитални елементи, како што се големата полуоска, занесеноста и наклонот. За членовие на семејствата се смета дека се делови од претходни астероидни судири. Поимот астероидно семејство е поспецифичен поим од астероидна група чии членови, сепак споделуваат голем дел на орбитални особености, но не се поврзани едни со други.

Графика на сопствениот наклон наспроти големата полуоска за нумерираните астероиди. Астероидните семејства се видливи како посебни групирања. Изразените Керквудови јазови ја разделуваат јадрената област. (A, B+C, D, E+F+G)

Општи својства

уреди
Цртеж на сопствениот наклон наспроти занесувањето за бројно означените астероиди.

Поголемите значајни семејства содржат неколку стотина именувани астероиди (и многу други помали кои сè уште не се анализирани или пак откриени). Малите, збиени семејства можно е да имаат и околу десет именувани астероиди. Околу 33% до 35% од астероидите во главниот појас се припадници на астероидни семејства.

Познати се околу 20 до 30 потврдени астероидни семејства, со дополнителни неколку десетици групации. Повеќето астероидни семејства се во главниот појас, иако постојат и други налик семејни групи како што се Паладиното семејство, Унгарското семејство и Фокеиното семејство кои се наоѓаат на помалата полуоска или имаат поголем наклон од главниот појас.

Едно од пронајдените семејства е поврзано со џуџестата планета Хаумеја.[1] Некои истражувања се обиделе да изнајдат доказ за судирните семејства меѓу тројанците, но до денес не постои потврден доказ.

Потекло и развој

уреди

Се смета дека семејствата се создаваат како резултат на судирите меѓу астероидите. Во многуте или повеќето случаи родното тело е распаднато, но имаме и случаи кога неколку семејства кои своето потекло го должат на удари по површината на родното тело без да се уништи (на пример Веста, Палада, Хигија и Масалија). Овие кратерни семејства вообичаено се состојат од единечно големо тело и бројни астероиди кои се многу мали. Некои семејства (на пример Флориното семејство) имаат сложени внатрешни структури кои не се убедкливо објаснети во моментов, но пшостои можност да произлегуваат од неколку судири во истата област во подолг период.

Поради методот на потеклото, сите членови имаат слични состави како и повеќето семејства. Значајни исклучоци се оние семејства (како што е Вестиното семејство) кое се создало при издвојувањето на родното тело.

За астероидните семејства се смета дека имаат животни векови од милијарди години, во зависност од различни фактори (пример помалите астероиди исчесзнуваат побрзо). Ова е значително покусо од староста на Сончевиот Систем, само неколку се останати од самиот почеток на Сончевиот Систем. Распадот на семејствата се случува поради постојаното споро расејување на орбитите предизвикано од растројувањата од Јупитер и останатите големи тела, и секако поради судирите помеѓу астероидите кои ги сронуваат сè до мали астероиди. Подоцна овие мали астероиди стануваат дел на растројувањата на Јарковскиевиот ефект кои може да ги истурка кон орбитална резонанција со Јупитер. Кога ќе се случи ова, тие мошне брзо се исфрлени од астероидниот појас. За одредени семејства се добиени опипливи вредности за нивната старост, која пак може да изнесува неколку стотина милиони години па до неколку милиони години како што е збиеното Карино семејство. Старите семејства се смета дека содржат неколку мали членови и ова е основата за определување на нивната старост.

Се претпостаљвува дека многу од старите семејства ги имаат изгубено скоро сите мали и средни членови, при што остануваат само неколку од поголемите членови. Пример за ваков вид на остатоци од семејство се парот 9 Метида и 113 Амалтеја. Понатамошните докази за големиот број на семејства во минатото потекнува од анализата на хемиските односи во железните метеори. Тие покажуваат дека во минатото морало да постојат најмалку 50 до 100 издвоени родни тела, кои оттогаш се раскршени и нивните јадра се соголени и се создадени сегашните астероиди (Кели и Гафи 2000).

Препознавање на членовите, натрапнички и позадински астероиди

уреди

Кога орбиталните елементи на астероидите од главниот појас се исцртуваат (вообичаено наклонот наспроти орбиталното занесување, или пак наспроти големата полуоска), бројни различни насобирања се забележливи наспроти позадинската распределба на несемејните астероиди т.н. позадински астероиди. Овие насобирања се астероидните семејства. Натрапнички се оние астероиди кои се во семејството засновано на нивните сопствени орбитални елементи, но имаат својства различни од останатите членови на семејството, што наведува на фактот дека тие, спротивно на останатите членови на семејството, не потекнуваат од истото родно тело кое се распаднало при некој дамнешен судир.

Опис

уреди
Споредба: оскулаторни Кеплерови орбитални елементи на лево (не се издвојуваат семејствата) наспроти сопствените орбитални елементи на десно (семејствата се издвоени).

Строго гледајќи ги работите, семејствата и нивните членови се препознаени со анализа на сопствените орбитални елементи, наместо со моменталните оскулаторни орбиталните елементи, кои редовно флуктуираат на временски периоди од десетици до илијадници години. Сопствените елементи се поврзани константи на движењето кои остануваат непроменливи во периодот од најмалку десетина милиони години, а во некои случаи и подолго.

Јапонскиот астроном Кијотсугу Хирајама (1874–1943) бил првиот кој ги определувал сопствените елементи на астероидите, и прв ги препознал неколку од истакнатите семејства во 1918 година. Во негова чест, астероидните семејства понекогаш се нарекувани и Хирајамови семејства. Ова особено се однесува на петте истакнати семејства откриени од негова страна.

Хиерархиски метод на зајатување

уреди

Денешниоте сметачки претраги имаат препознаено повеќе од стотина семејства.Еден од најкористените алгоритми е хиерархиско зајатување, кои пребарува за групирања со најмали меѓусебни растојанија во просторот на орбиталните елементи, и брановита анализа, со која се добива карта на густината на астероидите во просторот на орбиталните елементи, и пребарува за густински максимуми.

Границите на семејствата се понекогаш бледи и на границите се слеваат со позадинската густина на астероидите во главниот појас. Од оваа причина бројот на членовите меѓу откриените астероиди е вообичаено приближно познат, и припадноста на членовите во близина на рабовите е неопределена.

Дополнително, некои од натрапниците кои се хетерогени позадински астероиди се очекувани во центарот на семејствата. идејќи поголемиот број на членовите на семејството настанале при судирот се очекува да имаат подеднаков состав, повеќето натрапнички астероиди како начело може да се препознаат по спектралните својства кои не се исти како со поголемиот број на членови на семејството. Истакнат пример е 1 Церера, најголемиот астероид, кој е натрапник во семејството порано познато како Церерино семејство, а денес како Гефионово семејство.

Спектралните одлики може исто така да се користат за да се определи членството на астероидите во надворешните области на семејството,на начинот којшто е искористен како на пример во Вестиното семејство, чии членови имаат невообичаен состав.

Видови семејства

уреди

Како што е претходно спомнато, семејствата кои настанале поради судир кои не го нарушил родното тело, но делумно исфрлило делови се наречени кратерски семејства. Постои и друго именување за да се направи разлика меѓу различните видови на групи кои се помалку различни или постои помала статистичка сигурност од поголемиот број на истакнати „номинални семејства“ (или јата).

Јата, згрутчувања, кланови и племиња

Поимот јато исто така се користи за да се опише мало астероидно семејство, како што е Кариното јато.[2] Згрутчувања се групирања кои имаат мал број на членови кои се јасно видливи од позадинските астероиди (на пример Јунонското згрутчување). Клановите се групирања кои постепено се претѕопуваат во позадинската густина и/или имаат сложена внатрешна структурашто пак прави истите со потешкотија да се определи дали се сложена групација од неколку преклопувачки групи (на пример Флориното семејство). Племиња се групации за кои постои помала сигурност да се статистички значајни во однос на позадинската густина пред сè поради нината мала густина или големата несигурност во орбиталните параметри на членовите.

Список

уреди

Истакнати семејства

уреди
Нисино семејствоВестино семејствоФлорино семејствоЕосово семејствоКоронидино семејствоЕвномино семејствоХигиино семејствоТемидино семејствоУнгарско семејствоАстероидно семејство#Сите семејстваАстероиден појас
  •   Ниса: 19.073 (4.8%)
  •   Веста: 15.252 (3.8%)
  •   Флора: 13.786 (3.5%)
  •   Еос: 9.789 (2.5%)
  •   Коронида: 5.949 (1.5%)
  •   Евномија: 5.670 (1.4%)
  •   Хигија: 4.854 (1.2%)
  •   Темида: 4.782 (1.2%)
  •   Унгарија: 2.965 (0.7%)
  •   Сите останати семејства: 21.500 (5.4%)
  •   Позадина: 295.000 (74.0%)
Распределба на повеќето истакнати семејства, останати семејства позадински астероиди (се до бројот 398.000)[3]:23

Помеѓу бројните астероидни семејства, Еосовото, Евномииното, Флориното, Унгарското, Хигииното, Коронидиното, Нисиното, Темидиното и Вестиното семејство се најистакнатите семејства во главниот астероиден појас. За целосен список, Погледајте Астероидно семејство § Белешки.

Еосово семејство

уреди
Еосово семејство (прид. еоски), 221 Еос , 9.789

Евномиино семејство

уреди
Евномиино семејство (прид. евномски; FIN: 502) е семејство на S астероиди, именувани според астероидот 15 Евномија. Станува збор за најистакнатото семејство во средиштето на астероидниот појас и 6-то по големина семејство со 5.670 познати членови, или приближно 1,4% од сите астероиди во главниот астероиден појас.[3]:23

Флорино семејство

уреди
Флорино семејство (прид. флорски) 8 Флора 13.786; Аријадско семејство именувано по 43 Аријадна

Унгарско семејство

уреди
Унгарско семејство (прид. Унгарски) 434 Унгарија 2.965

Хигиино семејство

уреди
Хигино семејство (прид. Хигиски ) 10 Хигија 4.854

Коронидино семејство

уреди
Коронидино семејство (прид. коронидски) 158 Коронида 5.949

Нисино семејство

уреди
Нисино семејство (прид. ниски) 44 Ниса 19.073; Хертиско семејство по 135 Херта

Темидино семејство

уреди
Темидино семејство (прид. темидски) 24 Темида 4.782

Вестино семејство

уреди
Вестино семејство (прид. вестински) 4 Веста 15.252

Сите семејства

уреди

Во 2015 година, регледот препознал 122 значајни семејства со вкупен број на членови од 100.000 астероиди, засновано на целиот каталог на нумерирани астероиди, кој се состои од скоро 400.000 тела во тој период (Погледајте го каталошкиот индекс за моменталниот број на нумерирани астероиди).[3]:23 Податоците се достапни преку „Податочниот пребарувач за астероиди“.[4] Првата колона на оваа табела го содржи семејниот идентификационен број или семеен идинтификационен број (СИБ), што претставува обид за бројчено означување на препознаените семејства, независно од нивното име во моменталната употреба, бидејќи постои можност ова име да се промени со дополнителни откритија, што доведува до употреба на повеќе имиња во литературата и дополнителната збунетост.[3]:17

СИБСемејствоОзнакаБрој на членовиМестоположбаТаксономијасредно
албедо
Родно тело · БелешкиКатегоријаСписок на астероиди
001Хилдино семејствоHIL409рабC0,04153 Хилда; прид. Хилдиски; во поголемата динамиичка група со истото име.
(a–e–i: 3,7–4,2 ае; > 0,07; < 20°)
катсписок
002Шубартово семејствоSHU352рабC0,031911 Шубарт (во динамичката Хилдина група)катсписок
003Унгарско семејствоH2965рабE0,35434 Унгарија; сместено во динамичната група со истото име.
(a–e–i: 1,78–2,0 ае; < 0,18; 16°–34°)
катсписок
004Хекторово семејствоHEK12раб624 Хектор (Јупитеров тројанец)катсписок
005Еврибатско семејствоERY218рабCP0,063548 Еврибат (Јупитеров тројанец)катсписок
006„Неименувано семејство“0067раб0,06(9799) 1996 RJ (Јупитеров тројанец)список
007Џејмсбондово семејство0071внатрешностASP9007 Џејмс Бондсписок
008Аркесилаево семејствоARK37раб20961 Аркесилај (Јупитеров тројанец)катсписок
009Еномско семејствоENM30раб0,064709 Еном (Јупитеров тројанец)катсписок
010„Неименувано семејство“01013раб0,09(247341) 2001 UV209 (Јупитеров тројанец)список
401Вестино семејствоV15252внатрешностV0,354 Веста (прид. Вестински)катсписок
402Флорино семејствоFLO13786внатрешностS0,308 Флоракатсписок
403Баптистинино семејствоBAP2500внатрешностX0,16298 Баптистинакатсписок
404Масалиино семејствоMAS6424внатрешностS0,2220 Масалија, прид. Масалиски: (2,37 до 2,45; 0,12 до 0,21; 0,4 до 2,4)катсписок
405Ниско–пулански збир
(Хертино семејство; Евлалско семејство)
NYS19073внатрешностSFC0,28
0,06
44 Ниса/142 Пулана познато и како Хертино семејство (135 Херта). Го вклучува и Евлалското семејство (495 Евлалија)кат(44)
(142)
406Еригоново семејствоERI1776внатрешностCX0,06163 Еригона, прид. Еригонскикатсписок
407Класирино семејствоCLA179внатрешностX0,05302 Кларисакатсписок
408Суламитино семејствоSUL303внатрешностC0,04752 Суламитакатсписок
409Лусиенино семејствоLCI142внатрешностS0,221892 Лусиенакатсписок
410Евтерпино семејствоEUT474внатрешностS0,2627 Евтрепакатсписок
411Датурино семејствоDAT6внатрешностS0,211270 Датура; неодамнешно семејство со следниве членови: (60151), (90265), (203370), (215619) и (338309)катсписок
412Лукаскавинско семејствоLCA3внатрешностS21509 Лукаскавин; членови: (180255), (209570)катсписок
413Клиово семејствоKLI330внатрешностC0,0784 Клиокатсписок
414Химерно семејствоCIM108внатрешностCX0,06623 Химеракатсписок
415Халдеино семејство
(Салијско семејство)
CHL132внатрешностC0,07313 Халдеја; поинаку наречено според 1715 Сали според Масеирокатсписок
416Свеино семејствоSVE48внатрешностCX0,06329 Свејакатсписок
417„Неименувано семејство“4179внатрешност(108138) 2001 GB11список
701Фокеино семејствоPHO1989внатрешностS0,2225 Фокејакатсписок
501Јунонино семејствоJUN1684срединаS0,253 Јунона (прид. Јунонски)катсписок
502Евномиино семејствоEUN5670срединаS0,1915 Евномијакатсписок
504Немезидско семејство
(Либератришко или Жденехорсово семејство)
NEM1302срединаC0,05128 Немезида „(прид. Немезидски)“; исто така именувано според 58 Конкордија „(прид. Конкордиски)“ и 3827 Жденехорски. Поранешно Либератриксово семејство според Запала (1995) и Челино (2002)катсписок
505Адеонино семејствоADE2236срединаC0,07145 Адеонакатсписок
506Мариино семејство
(Римско семејство)
MAR2940срединаS0,25170 Марија; поинаку именувано по 472 Рим.[5]катсписок
507Падовино семејствоPAD1087срединаX0,10363 Падова; понато и како Лидиско семејство [C] · 110 Лидија · прид. Падовски; Лидискикатсписок
508Еолино семејствоAEO296срединаX0,17396 Еолијакатсписок
509Хлоридино семејствоCLO424срединаC0,06410 Хлорида, прид. Хлоридскикатсписок
510Мисино семејствоMIS702срединаC0,03569 Миса, прид. Мисинскикатсписок
511Брангенино семејствоBRG195срединаS0,10606 Брангенакатсписок
512Дорино семејствоDOR1259срединаC0,05668 Дора, прид. Дорскикатсписок
513Мерксиино семејствоMRX1215срединаS0,23808 Мерксија, прид. Мерксискикатсписок
514Агниино семејствоAGN2125срединаS0,18847 Агнијакатсписок
515Атридово семејствоAST489срединаC0,081128 Астрид, прид. Астридскикатсписок
516Гефеново семејство
(Церерско семејство; Минервско семејство)
GEF2547срединаS0,201272 Гефен, прид. Гефенски; a-e-i: (2,74 до 2,82; 0,08 до 0,18; 7,4 до 10,5); познато и како Церерско семејство „(прид. Церерски)“ по 1 Церера; и Минерва „(прид. Минервски)“, семејство именувано по 93 Minerva (identified interloper)катсписок
517Кенигово семејствоKON354срединаCX0,043815 Кенигкатсписок
518Рафитино семејствоRAF1295срединаS0,251644 Рафита, прид. Рафитски (се смета дека е натрапнички астероид; не е член на семејството); членови (1587) и (1658)катсписок
519Хофмајстерово семејствоHOF1819срединаCF0,041726 Хофмајстеркатсписок
520Јаниново семејствоIAN150срединаS0,324652 Јаниникатсписок
521Казуино семејствоKAZ44срединаS0,217353 Казујакатсписок
522Иново семејствоINO463срединаS0,24173 Инокатсписок
523Емилковалскиево семејствоEMI4срединаS0,2014627 Емилковалски; членови: (126761), (224559) и (256124)катсписок
524Бругмансиино семејство5243срединаS16598 Бругмансија; членови: (190603) и (218697)катсписок
525Шулхофово семејствоSHF5срединаS0,272384 Шулхоф; членови: (81337), (140600), (271044), (286239)катсписок
526„Неименувано семејство“52658срединаC0,06(53546) 2000 BY6список
527Лорово семејствоLOR2срединаC0,055438 Лор; друг член: (208099)катсписок
528Леонидино семејствоLEO135срединаCX0,072782 Леонида; подеднакво исто како Вибилиското семејство: VIB (и наведено како такво); (4793)катсписок
529Вибилиино семејствоVIB180срединаC0,06144 Вибилија; се спомнува само во спиокот на Запала, но не и во оној на Несвори ; подеднакво исто како Леонидското семејство: LEO.катсписок
530Феово семејствоPAE146срединаX0,06322 Феокатсписок
531Митидикино семејствоMIT653срединаC0,062262 Митидика (не е наведен во семејството); членови: (404) и (99)катсписок
532Хенанско семејствоHEN1872срединаL0,202085 Хенанкатсписок
533Ханино семејствоHNA280срединаCX0,051668 Ханакатсписок
534Кармино семејствоKRM124срединаCX0,053811 Кармакатсписок
535Витово семејствоWIT1618срединаS0,262732 Виткатсписок
536Тиобетско семејствоXIZ275средина0,122344 Тибеткатсписок
537Ватсониино семејствоWAT99срединаL0,13729 Ватсонијакатсписок
538Џонсово семејствоJNS22срединаT0,053152 Џонаскатсписок
539Аериино семејствоAER272срединаX0,17369 Аеријакатсписок
540Јулинино семејствоJUL33срединаS0,1989 Јулијакатсписок
541Постремино семејствоPOS108срединаCX0,051484 Постремакатсписок
801Паладино семејствоPAL128срединаB0,162 Палада (прид. Паладско)катсписок
802Галиино семејствоGAL182срединаS0,17148 Галијакатсписок
803Ханзино семејствоHNS1094срединаS0,26480 Ханза прид. Ханзиски; a-e-i: (~2,66; ~0,06; ~22,0°)[6]катсписок
804Герзуиндово семејствоGER415срединаS0,15686 Герзуиндкатсписок
805Барселонско семејствоBAR306срединаS0,25945 Барселонакатсписок
806Тинино семејствоTIN96срединаX0,341222 Тинакатсписок
807Брукатово семејствоBRU342срединаCX0,064203 Брукатокатсписок
601Хигиино семејствоHYG4854надворешенCB0,0610 Хигијакатсписок
602Темидино семејствоTHM4782надворешенC0,0724 Темида (прид. Темидски)катсписок
603Силвино семејствоSYL255надворешенX0,0587 Силвија; семејство во Кибелската групакатсписок
604Мелибеино семејствоMEL444надворешенC0,05137 Мелибеја, прид. Мелибејскикатсписок
605Коронидино семејствоKOR5949надворешенS0,15158 Коронидакатсписок
606Еосово семејствоEOS9789надворешенK0,13221 Еоскатсписок
607Емино семејствоEMA76надворешенC0,05283 Емакатсписок
608Бразилиино семејствоBRA579надворешенX0,18293 Бразилија, прид. Бразилски (се претпоставува дека е натрапнички астероид; не се вбројува во семејството)катсписок
609Веритасово семејствоVER1294надворешенCPD0,07490 Веритас, adj. Веритаски; поинаку, Ундинашко семејство по 92 Ундинакатсписок
610Каринино семејствоKAR541надворешенS0,21832 Карина. Неодмана создадено семејство сместено во Коронидското семејство.[3]:8,18катсписок
611Наемино семејствоNAE301надворешенC0,08845 Наема, прид. Наемскикатсписок
612Тирелино семејствоTIR1395надворешенS0,071400 Тирелакатсписок
613Лисјаохуашко семејствоLIX756надворешенCX0,043556 Лисјаохуакатсписок
614Телрамундово семејство
(Клитемнестрино семејство)
TEL468надворешенS0,229506 Телрамунд; поинаку именувано и по 179  Клитемнестра од Масеиро и Миланикатсписок
615„Неименувано семејство“615104надворешенCX0,17(18405) 1993 FY12список
616Харидино семејствоCHA808надворешенC0,08627 Харидакатсписок
617Теобалдино семејствоTHB376надворешенCX0,06778 Теобалда, прид. Теобалдски; a-e-i: (3,16 до 3,19; 0,24 до 0,27; 14 до 15)катсписок
618Терентиино семејствоTRE79надворешенC0,071189 Терентијакатсписок
619Лауово семејствоLAU56надворешенS0,2710811 Лаукатсписок
620Биглово семејствоBGL148надворешенC0,09656 Бигл. Неодамна создадено семејство сместено во Темидско семсјтво (сите членови се запишани како Темиди). Го вклучува и астероидот 7968 Елст.[3]:7,8,18катсписок
621Коронидино семејство (II)K-2246надворешенS0,14158 Коронида "второ семејство"катсписок
622Терпсихорино семејствоTRP138надворешенC0,0581 Терпсихоракатсписок
623Фрингилино семејствоFIR134надворешенX0,05709 Фрингилакатсписок
624Дурисеново семејствоDUR27надворешенX0,045567 Дурисенкатсписок
625Јаковлево семејствоYAK67надворешенC0,055614 Јаковлевкатсписок
626Санмарчелово семејствоSAN144надворешенX0,197481 Сан Марчелокатсписок
627„Неименувано семејство“62738надворешенCX0,05(15454) 1998 YB3список
628„Неименувано семејство“628248надворешенS0,10(15477) 1999 CG1список
629„Неименувано семејство“62958надворешенS0,21(36256) 1999 XT17список
630Еглино семејствоAEG99надворешенCX0,0796 Еглакатсписок
631Урсулино семејствоURS1466надворешенCX0,06375 Урсулакатсписок
632Елфридино семејствоELF63надворешенC0,05618 Елфридакатсписок
633Итино семејствоITH54надворешенS0,23918 Итакатсписок
634Инарадино семејствоINA38надворешенCX0,073438 Инарадакатсписок
635Анфимово семејствоANF58надворешенS0,167468 Анфимовкатсписок
636Маркониево семејствоMRC34надворешенCX0,051332 Марконијакатсписок
637„Неименувано семејство“63764надворешенCX0,05(106302) 2000 UJ87список
638Хрватско семејствоCRO93надворешенX0,07589 Хрватскакатсписок
639Имхилдино семејствоIMH43надворешенCX0,05926 Имхилдакатсписок
640Гибсово семејствоGBS8надворешен331P/Гибс "P/2012 F5 (Гибс)"
641Јулијанино семејствоJLI76надворешенCX0,05816 Јулијанакатсписок
901Евфросинино семејствоEUP2035надворешенC0,0631 Евфросинакатсписок
902Алаудино семејствоALA1294надворешенB0,07702 Алаудакатсписок
903Улино семејствоULA26надворешенX0,05909 Ула; семејство во Кибелската групакатсписок
904Лутерино семејство
(Картвелијско семејство)
LUT163надворешенX0,041303 Лутера; именувано исто така и по 781 Картвелијакатсписок
905Ерменско семејствоARM40надворешенC0,05780 Ерменијакатсписок

Други семејства или динамички групи

уреди

Други астероидни семејства според различни извори (кои не се на списокот погоре), при што на списокот се вклучени и неастероидните семејства:

СемејствоРодно телоКатегоријаОпис
Емилиино семејство159 ЕмилијаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 62 членови.
Алиндино семејство887 АлиндаКатАлиндската група е опишана од projectpluto.com
Амнеридино семејство871 АмнеридаКатМало семејство 22 членови препознаени од страна Запала (1995).[9] Поголемиот број од членовите се припишани на блиското Флорино семејство од Несворни (2014).[3]
Аниево семејство8060 АнијСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 31 член.
Ашковино семејство3460 АшковаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 59 членови.
Астреино семејство5 АстрејаКатГолемо семејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 169 членови. Најмал број на изброени членови: (5), (91), (262), (355), (765) и (1121).Истото семејство не е наведено во записите на Запала (1995).[9] Од Несворни (2014) се смета дека е остаток поради резонантната поставеност (z1 = g + s − g6 − s6 = 0).[3]:19
Августино семејство254 АвгустаКатМало семејство составено од 23 астероиди препознаени од страна Запала (1995).[9] Поголемиот број од членовите се придодадени на блиското Флорино семејство според Несворни (2014).[3]
Авзонино семејство63 АвзонијаЕдинствен член. Член на Вестиното семејство според AstDyS-2 и Несворни (2014).[3]
Бонтеково семејство10654 БонтекоСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 13 членови.
Броково семејство6769 БроковСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 58 членови.
Бауерово семејство1639 БауерМикро семејство со 10 членови според Запала (1995). Прид. Бауерски. Поинаку се нарекува Ендимиониско семејство по 342 Ендимион.[C] Сите членови: (1639), (3815), (8832), (14306), (15666), (22286), (32637), (85133), (120446) и (145685).[9] Дел од ова семејство припаѓа на блиското Кенишко семејство според Несворни (2014).[3]
Синдиграберово семејство7605 СиндиграберСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 19 членови.
Клематисово семејство1101 КлематисКатСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 17 членови. Подгрупа на големото Алаудско семејство според Несворни (2014).[3] Сите членови: (1101), (5360), (22044), (25982), (29963), (32240), (37628), (66174), (71688), (83362), (83790), (97516), (110030), (132961), (147858), (181960) и (223933).
Кибелска група65 КибелаКатКибелската група според Asteroids, Meteorites, and Comets – by Linda T. Elkins-Tanton и projectpluto.com. Според категоријата на Википоедија има 32 членови. Не се спомнува како семејство од стран на Запала (1995), Несворни (2014) и AstDyS-2 (Src), каде овие тела се сметаат за дел од позадинското население.[3][9]
Дејанирино семејство157 ДејанираКатМикро семејство со 5 членови според Запала (1995). Сите членови: (157), (2290), (5276), (10779) и (17377).[9] Сите се припадници на позадинкото население според Несворни (2014).[3]
Девајново семејство3561 ДевајнСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 19 членови.
Дупонтино семејство1338 ДупонтаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 133 членови.
Епеево семејство2148 ЕпејСемејство од јупитерови тројанци според Фернандо Роиг и Рикардо Гил- Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Евмелско семејство5436 ЕвмелСемејство од јупитерови тројанци според Роиг и Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Евријалово семејство4007 ЕвријалСемејство од јупитерови тројанци според Роиг и Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Фаино семејство751 ФаинаКатC семејство со 12 препознаени членови според Запала (1995).[9] Сите членови: (751), (2089), (2420), (3637), (3904), (5083), (8087), (10741), (10744), (11497), (12975) и (29086). Станува збор за астероиди од позадинското население од кои три каменести членови припаѓаат на каменестото Мариино семејство според Несворни (2014). Не се води како семејство во податотеката (Src)
Гриквашка група1362 ГрикваКатГриквашката група (не е судирно семејство) опишано од projectpluto.com. Нестабилна група на астероиди кои се во резонанса 2 :1 со Јупитер.
Ханскино семејство1118 ХанскијаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 116 членови.
Хаумејско семејствоХаумејаКатСтанува збор за заднептунско семсјство. Од 2017 година, и сегашната категоризација семсјството се состои од 10 членови (вклучувајќи го и родното тело).[D]
Хелиово семејство895 ХелиоСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 50 членови.
Хестиино семејство46 ХестијаКатНесворни го преместил семејството (поранешна ознака СИБ 503) на кандидатски статус, и (46) во позадина.[3]:19 Исто ткак сѕтанува збор за позадински астероид според Милани и Кнежевиќ (AstDyS-2).
Хигсоново семејство3025 ХигсонСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 17 членови.
Хипасово семејство17492 ХипасСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 7 членови.
Хубертино семејство260 ХубертаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 26 членови. Несворни го смета за семејство со кандидатски статус .[3]:19
Калхасово семејство4138 КалхасСтанува збор за семејство од јупитерови тројанци според Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Лаодикино семејство507 ЛаодикаКатСемејство со 2 членови. 507 Лаодика и 635 Вундција се основните челенови на Еошкото семсјство според (507; 635) и позадински астероиди според Несворни (507; 635).[3]
Левиново семејство2076 ЛевинСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 1534 членови.
Либератриксово семејство125 ЛибератриксКат3 наведеничленови. Според AstDyS-2 125 Либератрикс е позадиснки астероид , и член на Немезидското семејство според Несворни.[3] Позадински астероид: 301 Баварија (и двата AstDyS-2 и Nesvorný). 9923&nbspРоналдтиел е јадрен член на Агниското семејство според AstDyS-2.
Махаоново семејство3063 МахаонСемејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп.[10]
Марсилско семејство40134 МарсилиСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 16 членови.
Мартесово семејство5026 МартесКатСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 481 член. Најголемите астероиди се членови на Еригонското семејство според Несворни (5026; 9879).[3]
Матераниино семејство883 МатеранијаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 169 членови.
Мекленбуршко семејство6124 МекленбургСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 78 членови.
Меланфииино семејство12973 МеланфијаСемејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп[10]
Менелаево семејство1647 МенелајСемејство од јупитерови тројанци според Милани (1993).[11] Дел од Менелајскиот камп според Роиг и Гил-Хатон .[10]
Нелево семејство1547 НелеСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 344 членови.
Ноктурнино семејство1298 НоктурнаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 186 членови.
Нохавицино семејство6539 НохавицаКатПретходно познато како семејство „1982 QG“ . Втро член: (9935) 1986 CP1; двата се позадински астероиди според AstDyS-2 и Nesvorný.
Подарково семејство13062 ПодаркСемејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп[10]
Прокнино семејство194 ПрокнаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 379 членови.
Регинитино семејство1117 РегинитаКатПодгрупа на познатото Флорино семејство. Позадински астероид според AstDyS-2 и Nesvorný.[3]
Синденово семејство10369 СинденСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 24 членови.
Такехирово семејство8737 ТакехироСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 57 членови. Несворни го смета за семејство со кандидатски статус.[3]:19
Теламоново семејство1749 ТеламонСемејство од јупитерови тројанци Фернандо Роиг и Рикардо Гил-Хатон (2008). Дел од Менелајскиот камп[10]
Траверсино семејство5651 ТраверсаСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 56 членови.
Универмосковско семејство6355 УнивермоскваСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 13 членови.
Жванетцкиево семејство5931 ЖванетцкиСемејство од Главниот астероиден појас според Милани и Кнежевиќ (2014).[7][8] Има вкупно 23 членови.
Легенда':

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

{{|30em|refs=[3]

[4]

[5]

[7]

[8]

[9]

[10]

[11]

}}

Дополнителна литература

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Michael E. Brown, Kristina M. Barkume, Darin Ragozzine & Emily L. Schaller, A collisional family of icy objects in the Kuiper belt, Nature, 446, (March 2007), pp 294-296.
  2. David Nesvorný, Brian L. Enke, William F. Bottke, Daniel D. Durda, Erik Ashaug & Derek C. Richardson Karin cluster formation by asteroid impact, Icarus 183, (2006) pp 296-311.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 Nesvorný, D.; Broz, M.; Carruba, V. (December 2014). „Identification and Dynamical Properties of Asteroid Families“ (PDF). Asteroids IV: 297–321. arXiv:1502.01628. Bibcode:2015aste.book..297N. doi:10.2458/azu_uapress_9780816532131-ch016. Посетено на 23 June 2017.
  4. 4,0 4,1 „Small Bodies Data Ferret“. Nesvorny HCM Asteroid Families V3.0. Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 22 July 2017.
  5. 5,0 5,1 Masiero, Joseph R.; Mainzer, A. K.; Bauer, J. M.; Grav, T.; Nugent, C. R.; Stevenson, R. (June 2013). „Asteroid Family Identification Using the Hierarchical Clustering Method and WISE/NEOWISE Physical Properties“ (PDF). The Astrophysical Journal. 770 (1): 22. arXiv:1305.1607. Bibcode:2013ApJ...770....7M. doi:10.1088/0004-637X/770/1/7. Посетено на 25 April 2018.
  6. The Hansa family: A New High-Inclination Asteroid family
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 7,15 7,16 7,17 7,18 7,19 7,20 7,21 7,22 7,23 7,24 7,25 7,26 7,27 7,28 Milani, Andrea; Cellino, Alberto; Knezevic, Zoran; Novakovic, Bojan; Spoto, Federica; Paolicchi, Paolo (September 2014). „Asteroid families classification: Exploiting very large datasets“ (PDF). Icarus. 239: 46–73. arXiv:1312.7702. Bibcode:2014Icar..239...46M. doi:10.1016/j.icarus.2014.05.039. Посетено на 17 April 2018.
  8. 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 8,10 8,11 8,12 8,13 8,14 8,15 8,16 8,17 8,18 8,19 8,20 8,21 8,22 8,23 8,24 8,25 8,26 8,27 8,28 Knezevic, Zoran; Milani, Andrea; Cellino, Alberto; Novakovic, Bojan; Spoto, Federica; Paolicchi, Paolo (July 2014). „Automated Classification of Asteroids into Families at Work“. Complex Planetary Systems. 310: 130–133. Bibcode:2014IAUS..310..130K. doi:10.1017/S1743921314008035. Посетено на 17 April 2018.[мртва врска]
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 V. Zappala (1995). „Asteroid Dynamical Families – EAR-A-5-DDR-FAMILY-V4.1“. NASA Planetary Data System. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 7 December 2017.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 Roig, F.; Ribeiro, A. O.; Gil-Hutton, R. (June 2008). „Taxonomy of asteroid families among the Jupiter Trojans: comparison between spectroscopic data and the Sloan Digital Sky Survey colors“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. 483 (3): 911–931. arXiv:0712.0046. Bibcode:2008A&A...483..911R. doi:10.1051/0004-6361:20079177. Посетено на 29 June 2018.
  11. 11,0 11,1 Milani, Andrea (October 1993). „The Trojan asteroid belt: Proper elements, stability, chaos and families“. Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy. 57: 59–94. Bibcode:1993CeMDA..57...59M. doi:10.1007/BF00692462. ISSN 0923-2958. Посетено на 29 June 2018.