Ваут Феликс Лина Фас (роден на 3 април 1998 во Мол) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Лестер Сити и на белгиската репрезентацијата.[3]

Ваут Фас
Лични податоци
Полно имеВаут Феликс Лина Фас[1]
Роден на3 април 1998(1998-04-03)(26 г.)
Роден воМол, Белгија
ДржаваБелгија Белгија
Висина&100000000000001870000001,87 м[2]
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубЛестер Сити Лестер Сити
Број3
Младинска кариера
Лирс Лирс
Андерлехт Андерлехт
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2016-2018Андерлехт Андерлехт0(0)
2017Херенфен Херенфен7(0)
2017-2018Екселсиор Екселсиор19(0)
2018-2020Остенде Остенде63(1)
2020-2022Ремс Ремс73(5)
2022-Лестер Сити Лестер Сити66(3)
Репрезентација
2013Белгија Белгија 154(1)
2013-2015Белгија Белгија 1727(0)
2016-2017Белгија Белгија 199(1)
2017-2020Белгија Белгија 2121(0)
2022-Белгија Белгија13(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Технички карактеристики

уреди

Централен дефанзивец, способен да игра и како бек или дефанизвен играч од средниот ред. Меѓу неговите најголеми квалитети се одземањето на топката и солидната брзина која ја поседува и покрај неговата висина и физичките предиспозиции; тој многу потсетува на бразилскиот фудбалер, поранешен играч на Челси, Париз Сен-Жермен и Арсенал, Давид Луис.[4]

Клупска кариера

уреди

Откако израснал во младинските сектори на Лирс и Андерлехт, од вториот на 31 јануари 2017 година, бил позајмен на Херенфен до крајот на сезоната 2016-2017.[5] Откако заемот во клубот од Фризија му завршил, на 12 јули тој се преселил, повторно на привремена основа, во Екселсиор.[6]

На 21 јуни 2018, тој се преселил во Остенде, со кого потпишал тригодишен договор.[7] Под водството на неговиот поранешен тренер од младата белгиска репрезентација под 19 години, Герт Верхејен,[8] кој исто така инсистирал на неговото доаѓање во клубот,[9] Фас бил редовен стартер во центарот на одбраната во текот на целата сезона забележувајќи 40 настапи и 2 гола. На 24 август 2018, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-1 на домашен терен над Зулте Варегем.

На 31 јануари 2020 година, тој бил купен од францускиот клуб Ремс, со кого се врзал до 2024 година, но останал на позајмица во Остенде до крајот на сезоната.[10] Откако официјално му се приклучил на Ремс на почетокот на сезоната 2020–2021, Фас го направил своето деби во Лига 1 на 23 август 2020 година, во ремито 2–2 на гостувањето кај Монако, во кое го одиграл целиот натпревар.[11] На 1 ноември, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 2–1 над Стразбур, со моќен удар со глава од корнер изведен од Валон Бериша.[12]

Откако во дресот на Ремс одиграл две сезони во кои забележал 77 настапи и 5 гола, на 1 септември 2022 година, Фас се преселил во англиската Премиер лига каде потпишал со Лестер Сити во трансфер вреден 15 милиони евра.[13] Седумнаесет дена подоцна, тој го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 6-2 од Тотенхем.[14]

И покрај негативниот резултат остварен на неговото деби, тој бил пофален за неговото влијание врз одбраната на клубот и во следните седум натпревари од првенството, од натпреварот против Тотенхем до оној против Манчестер Сити на 9 ноември, помогнал клубот да забележи пет суви мрежи.[15] На 30 декември 2022 година, тој имал негативен настап во поразот на лисиците од Ливерпул со 2-1, постигнувајќи два автогола со што станал четвртиот играч на кој му се случило тоа во историјата на Премиер лигата.[16] На 28 мај 2023, Фас го постигнал својот прв гол за Лестер во победата над Вест Хем Јунајтед со 2–1 во последното коло, која сепак се покажала како пирова за лисиците бидејќи тие и покрај успехот испаднале во Чемпионшип затоа што нивниот главен конкурент во борбата за опстанок, Евертон, исто така победил.[17]

Репрезентативна кариера

уреди

Фас ја претставувал својата земја во различни младински нивоа како: под 15, под 17, под 19 и под 21 година. За последната играл на Европското првенство 2019, каде забележал два настапи во елиминацијата на Белгија во групната фаза.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 8 јуни 2022, влегувајќи како замена во 84-тата минута во убедливата победа со 6-1 над Полска во УЕФА Лигата на нации. Кон крајот на истата година, Фас заедно со соиграчите од Лестер Сити, Тимоти Кастањ и Јури Тилеманс, бил повикан во составот на Белгија за Светското првенство 2022.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Белгија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
8-6-2022БриселБелгија 6 – 1  ПолскаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  84'
24-3-2023СолнаШведска 0 – 3  БелгијаКвал. за СП 2024-
28-3-2023КелнГерманија 2 – 3  БелгијаПријателска-
17-6-2023БриселБелгија 1 – 1  АвстријаКвал. за Евро 2024-
20-6-2023ТалинЕстонија 0 – 3  БелгијаКвал. за Евро 2024-
9-9-2023БакуАзербејџан 0 – 1  БелгијаКвал. за Евро 2024-
12-9-2023БриселБелгија 5 – 0  ЕстонијаКвал. за Евро 2024-
13-10-2023ВиенаАвстрија 2 – 3  БелгијаКвал. за Евро 2024-
16-10-2023БриселБелгија 1 – 1  ШведскаКвал. за Евро 2024-
15-11-2023ЛевенБелгија 1 – 0  СрбијаПријателска-  46'
19-11-2023БриселБелгија 5 – 0  АзербејџанКвал. за Евро 2024-
23-3-2024ДаблинИрска 0 – 0  БелгијаПријателска-
26-3-2024ЛондонАнглија 2 – 2  БелгијаПријателска-  82'
ВкупноНастапи13Голови0

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 21 април 2024.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2016-јан. 2017 АндерлехтПЛ00КБ00ЛШ+ЛЕ00---00
јан.-јун. 2017 ХеренфенЕ7+1[18]0КХ--------80
2017-2018 ЕкселсиорЕ190КХ10------200
2018-2019 ОстендеПЛ351КБ51------401
2019-2020ПЛ280КБ20------300
Вкупно Остенде63171----702
2020-2021 РемсЛ1331КФ00ЛЕ2[19]0---351
2021-2022Л1374КФ20------394
јул.-авг. 2022Л130КФ--------30
Вкупно Ремс7352020--775
2022-2023 Лестер СитиПЛ311ФАКуп+ЛК2+30+0------361
2023-2024ФЛЧ352ФАКуп+ЛК1+20+0------382
Вкупно Лестер Сити66380----743
Вкупно во кариерата208817120--2279

Наводи

уреди
  1. „FIFA U-17 World Cup Chile 2015: List of Players: Belgium“ (PDF). FIFA. 28 October 2015. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 November 2019.
  2. „Wout Faes“. Leicester City F.C. Посетено на 1 November 2022.
  3. „Belgium - W. Faes - Profile with news, career statistics and history - Soccerway“. us.soccerway.com. Посетено на 10 April 2017.
  4. Un talento al giorno, Wout Faes: il leader del Belgio del futuro tuttomercatoweb.com
  5. „sc Heerenveen versterkt zich met verdediger Wout Faes“ (холандски). 31 јануари 2017. Посетено на 31 декември 2022.
  6. „Wout Faes op huurbasis naar Excelsior“ (холандски). 12 јули 2017. Посетено на 31 декември 2022.
  7. „WOUT FAES TREKT NAAR KV OOSTENDE“ (холандски). 21 јуни 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-19. Посетено на 31 декември 2022.
  8. „Anderlecht laat Wout Faes vertrekken naar KV Oostende, Doumbia (Essevee) naar Rusland“. De Krant van West-Vlaanderen (Dutch). 21 June 2018. Посетено на 31 January 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. Taecke, Tomas (25 June 2018). „Faes blij met overstap naar KVO: "Nooit een kans gehad bij Anderlecht". Het Laatste Nieuws (Dutch). Посетено на 31 January 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Wout Faes : un leader défensif belge au SDR!“ (француски). 31 јануари 2020. Посетено на 31 декември 2022.
  11. „AS Monaco - Stade Reims 2:2 (Ligue 1 2020/2021, 1. Round)“. worldfootball.net (англиски). Посетено на 28 May 2021.
  12. Durand, Joachim (1 November 2020). „Le premier but de Wout Faes avec le Stade de Reims“. Walfoot.be (француски).
  13. „Leicester City Sign Wout Faes From Reims“ (англиски). 1 септември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  14. „Tottenham 6-2 Leicester City: Premier League – as it happened“ (англиски). 17 септември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  15. 'Made for me' - How Leicester City summer signing Wout Faes has made instant impact“ (англиски). 9 ноември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  16. „Faes scores two own goals against Liverpool“ (англиски). 30 декември 2022. Посетено на 31 декември 2022.
  17. Hafez, Shamoon (28 May 2023). „Leicester relegated despite win over West Ham“. BBC Sport.
  18. Плејоф.
  19. Во квалификациските рунди.

Надворешни врски

уреди
🔥 Top keywords: