Ветар
Ветар (ветер) — струењето на воздухот, т.е. ветар (или ветер) се воздушните молекули во движење.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0f/Pieter_Kluyver_-_Boom_in_stormwind.jpg/220px-Pieter_Kluyver_-_Boom_in_stormwind.jpg)
Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.
Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.
Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.
Постојани ветрови
уреди- Пасатите како постојани ветрови дуваат од 30° СГШ и 30° ЈГШ кон екваторот. Поради Земјината ротација скршнуваат кон запад.
- Антипасатите дуваат од екваторот на височина од 4км на север и југ сè до 30°СГШ и 30°ЈГШ од каде го менуваат правецот од запад кон исток.
- Западните ветрови дуваат на запад од Атлантскиот Океан кон земјите на Западна и Средна Европа на исток.
Периодични ветрови
уредиОвие ветрови дуваат во определени области на Земјата, во определен временски период. Од овие ветрови најважни се монсуните кои дуваат во Индокина, југоисточна Азија и Индија. Тие шест мецеци дуваат од морето кон копното, а шест од копното кон морето.
Локални ветрови
уредиКарактеристични се за определени области на Земјата. Најпознати се: Фен, Југо, Бура, Кошава, Вардарец и др.
Ветрот во митологијата
уредиВетровите се среќаваат и во митологијата, каде имаат и посебни имиња и одлики. Така, во римската митологија, северниот ветар бил наречен Аквилон или Бореј; јужниот ветар се викал Аустер; Зефир бил западниот ветар, кој бил најблаг од сите ветрови и во пролет носел пријатно и топло време; Јапиг (наречен според Јапигија, т.е. Апулија) бил ветар што дувал од северозапад и бил погоден за оние кои патувала кон Стара Грција; Нот бил јужен ветар кој бил многу опасен, зашто често носел бура и ја попречувал пловидбата; Фавонија била персонификација на западниот ветар кој во Италија дувал во февруари, носејќи ја пролетта; додека Еол бил бог на ветровите,[1] кој ги држел затворени во својата пештера.[2]
Ветрот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиВетрот како мотив во книжевноста
уреди- „Мајката на ветровите“ — естонска народна приказна.[3]
- „Ветерот и кравите“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[4]
- „Палавостите на пролетниот ветер“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[5]
- „Гитарата на есенскиот ветер“ — песна за деца на Григор Витез.[6]
- „Попот, Северецот и Југот...“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[7]
- „Рапсодија во ветровитата ноќ“ (англиски: Rhapsody on a Windy Night) - песна на англискиот поет Т.С. Елиот од 1917 година.[8]
- „Крај мене мина ветрот“ — песна на бугарскиот поет Николај Зидаров.[9]
- „Ветрот во еден град“ (италијански: Veno in una città) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[10]
- „Дојрански ветришта“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1984 година.[11]
- „Пламениот ветар“ (хрватски: Plameni vjetar) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[12]
- „Ветар во ноемвриска ноќ“ (хрватски: Vjetar u novembarskoj noći) - песна на Мирослав Крлежа.[13]
- „Безобразниот ветер“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[14]
- „Северко“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[15]
- „Како да го фатам“ — песна на Васил Куноски.[16]
- „Морски развигор“ (француски: Brise marine) - песна на францускиот поет Стефан Маларме.[17]
- „Внатрешната страна на ветрот“ (српски: Унутрашња страна ветра) - роман на српскиот писател Милорад Павиќ од 1991 година.[18]
- „Ноќен ветар“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[19]
- „Ветрот на далечината“ - расказ на мексиканскиот писател Хосе Емилио Пачеко.[20]
- „Црн ветар“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[21]
- „Ветрот и детето“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.[22]
- „Ветар“ - песна на рускиот поет Владимир Солоухин.[23]
- „Ветар“ — песна на англискиот писател Роберт Луис Стивенсон.[24]
- „Ветер капки шутирал“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[25]
- „Ветерот еднаш направил грешка“ — песна на Стојан Тарапуза.[26]
- „Алина по којзнае кој пат“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[27]
- „Понекогаш кога ќе задува јужниот ветар“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[28]
- „Ветрот носи убаво време“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов од истоимената збирка од 1957 година.[29][30]
Ветрот како тема во музиката
уреди- „Ветрот е див“ (англиски: Wild is the wind) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1976 година.[31]
- „Божествен ветар“ (англиски: Divine Wind) - песна на американската рок-група Blue Oyster Cult од 1980 година.[32]
- „Дувај ветру, дувај“ (англиски: Blow Wind Blow) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.[33]
- „Лесен ветар“ (англиски: Easy Wind) - песна на американската рок-група Grateful Dead од 1970 година.[34]
- „Наспроти ветрот“ - песна на македонската етно-група Dragan Dautovski Quartet.[35]
- „Ладно ветре на карпите“ (англиски: Cool Breeze On The Rocks) — песна на американската хип-хоп група De La Soul.[36]
- „Идиотски ветар“ (англиски: Idiot Wind) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1975 година.[37]
- „Со ветрот в лице“ (српски: S vetrom uz lice) — музички албум на српската рок-група ЕКВ (ЕКВ) од 1986 година.[38]
- „Прашина на ветрот“ (англиски: Dust in the wind) — песна на американската група Канзас (Kansas).[39]
- „Леден ветар“ (англиски: Eisiger Wind) — песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[40]
- „Ветрот и дождот“ (англиски јазик: The Wind And The Rain) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1987 година.[41]
- „Секој начин на којшто дува ветрот“ (англиски: Any Way The Wind Blows) — песна на американската рок-група The Mothers Of Invention од 1966 година.[42]
- „Со лицето спроти ветрот“ (англиски јазик: Facing The Wind) — песна на германската музичарка Нико (Nico) од 1968 година.[43]
- „Ветрот завива“ (англиски: Howlin Wind) — песна од истоимениот албум на британскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.[44]
- „Ветровито“ (англиски: Windy) — песна на британската рок-група Прем (Pram) од 1995 година.[45]
- „Прашина на ветрот“ (англиски: Dust in the wind) — песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[46]
- „Виор“ (англиски: Whirlwind) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик од 1975 година.[47]
- „Бакнежи на ветрот“ (англиски: Kisses on the Wind) — песна на американската пејачка Нене Чери од 1989 година.[48]
Ветрот како тема во филмот
уреди- „Ветар во кутиче кибрит“ - македонски телевизиски филм од 1970 година.
Наводи
уреди- ↑ „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-108.
- ↑ Хорације, Одабране песме. Београд: Нолит, 1956, стр. 9.
- ↑ Волшебниот прстен - Естонски народни приказни. Наша книга, Скопје, 1969, стр. 57-59.
- ↑ Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 28-30.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 57.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 71.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 143-145.
- ↑ T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 23-25.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 46.
- ↑ Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 29-36.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 99.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 24-25.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 69.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 7.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 15.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 27.
- ↑ Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 14-15.
- ↑ „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 260.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 383-385.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 76.
- ↑ Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 42-44.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 255-256.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 44.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 48.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 50.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 181.
- ↑ Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 24-30.
- ↑ Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 54.
- ↑ „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
- ↑ YouTube, David Bowie - Wild Is The Wind (пристапено на 8.5.2017)
- ↑ Divine Wind - Blue Öyster Cult - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019)
- ↑ YouTube, Easy Wind (пристапено на 30.5.2019)
- ↑ Dragan Dautovski Quartet, The Path of the Sun. Dragan Dautovski - DDQ Music, DDQM 002, 2008.
- ↑ De La Soul – 3 Feet High And Rising (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ YouTube, Bob Dylan - Idiot Wind (Audio) (пристапено на 29.3.2020)
- ↑ Discogs, Ekatarina Velika – S Vetrom Uz Lice (пристапено на 13.8.2020)
- ↑ YouTube, Dust in the wind lyrics - Kansas (пристапено на 28.1.2017)
- ↑ YouTube, Kleenex/LiLiPUT - Eisiger Wind (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ Meat Puppets – Mirage (пристапено на 21.3.2023)
- ↑ Discogs, The Mothers Of Invention – Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)[мртва врска]
- ↑ Nico (3) – The Marble Index (пристапено на 13.5.2023)
- ↑ DISCOGS Graham Parker And The Rumour – Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ Pram – Helium (пристапено на 1 ноември 2023)
- ↑ Todd Rundgren – Something / Anything? (пристапено на 27.12.2017)
- ↑ Roxy Music – Siren (пристапено на 27.12.2017)
- ↑ Neneh Cherry - Kisses On The Wind (посетена на 15.11.2016)