Дејвид Николс

Дејвид Николс (англиски: David Nicholls) (30 ноември 1966, Хемпшир, Обединето Кралство) - англиски писател и сценарист.

Дејвид Николс (англиски: David Nicholls) (30 ноември 1966

Животопис

уреди

Дејвид Николс е роден на 30 ноември 1966 година. Завршил англиска книжевност и драма на Универзитетот во Бристол, а потоа посетувал обука за глумец на Американската музичка и драмска академија во Њујорк. На почетокот работел како глумец при што имал некои помали улоги, а истовремено започнал да чита сценарија на радио и телевизија. Исто така, тој бил уредник на сценарија во неколку телевизиски и продукциски куќи. Николс живее во Лондон со партнерката Хана со која има две деца.[1]

Творештво

уреди

На почетокот од кариерата Николс направил неколку адаптации на англиски класици за потребите на „Би-би-си“. Во 2003 година го објавил првиот романПрашање за десет бода“, две години подоцна го објавил романот „Дублер“, а во 2009 година и третиот роман „Еден ден“. Исто така, тој е автор на сценаријата снимени според неговите книги.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Дејвид Николс, Еден ден. Скопје: Три, 2012.
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајХристијан МицкоскиКарлес ПуџдемонМакедонијаЕвропско првенство во фудбал 2024Петре М. АндреевскиВесна ЈаневскаТимчо МуцунскиЏулијан АсанжОче нашСпецијална:СкорешниПромениСкопјеВтора светска војнаАрбен ТаравариВладо МисајловскиВлада на Христијан МицкоскиВлада на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)ГрцијаСписок на змии во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСписок на градови во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаПремиер на МакедонијаАлександар III МакедонскиВладо КамбовскиПоштенски броеви во МакедонијаХороскопски знациКатегорија:Села во МакедонијаАтанас БабатаСтефан АндоновскиСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеХрватски месециСписок на повикувачки броеви на земјитеМочуриштеМенструален циклусИванденГордана Сиљановска-Давкова