Ели Маказлиева

Ели Маказлиева Битолапоетеса, поет за деца, раскажувач,сопственик и уредник во издавачката куќа ЕДУКА МАК.

Ели Маказлиева
Занимањекнижевник
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Животопис

уреди

Во Битола завршува основно и средно (гимназиско) образование. Високо образование завршува Скопје, на Универзитет Кирил и Методиј, на Филозофски факултет на Институтот за педагогија, како и постдипломски студии со што се стекнува со диплома на Магистер по педагошки науки.По дипломирањето работи како воспитувач, училиштен педагог, за поголемиот дел од работниот век да го помине како уредник и главен и одговорен уредник во издавачката куќа Просветно дело, Скопје 1987 - 2013 година.

Последните години беше и вонреден професор, предавач на Универзитетот Американ колеџ во Скопје (УАКС), како професор по педагогија на студентите со наставна насока – англиски јазик.

По долгогодишното искуство во пишувачката и издавачката работа, во 2013 година ја основа издавачката куќа ЕДУКА МАК и е Претседател на уредувачкиот и редакциски одбор во истата до денес.

Била претседател на Здружението на издавачи и книжарите на Република Македонија, од 2007- 2012 година.Член е на Друштво на писатели на Македонија.

Во текот на своето работење, учествувала во реализацијата на многу работилници и проекти како координатор, тим лидер на меѓународни проекти, раководител. Учествува на многу меѓународни конференции и конгреси во земјата и странство а нејзините трудови се објавени во преку 40 зборници и меѓународни списанија.

Добитник е на многу сертификати, признанија, благодарници, дипломи.

Творештво

уреди

Поезија за возрасни

уреди
  1. 1992 - „Интерни стихувања“;
  2. 1993 - „Големото чекање“, НИО Студентски збор;
  3. 1999 - „Сон недосонуван“, Матица Македонска;
  4. 2002 - „Замисленото море“, Македонска книга;
  5. 2007 - „Непознавање на познатото“, Дирекција за култура и уметност;
  6. 2019 - „Мирисот на добрината“, ФЕНИКС;
  7. 2020 - „Здивот на страста“, ДАТА ПЕСНОПОЈ, Битола

Поезија за деца

уреди
  1. 1998 - „Распеана броенка“ - сликовница во стихови, Просветно дело;
  2. 2010 - „РАДОСНИЦА“ во првата година... My Baby Record Book. Римувани стихови, Просветно дело & Hinkler Books Pty LTD;
  3. 2013 - „Новогодишна шумска прослава“ - сликовница во стихови;
  4. 2014 - „Шумска олимпијада“, сликовница во стихови;
  5. 2014 - „Песни и сказни за овошја и зеленчуци разни“ – сликовница во стихови;
  6. 2014 - „Новогодишни детски желби“ - сликовница во стихови;
  7. 2015 - „Новогодишна елка“ - сликовница во стихови;
  8. 2016 - „Весели песни со букви лесни“ - сликовница во стихови;
  9. 2016 - „РАЗИГРАНИ ЧАДОРЧИЊА“ - збирка поезија за деца;
  10. 2016 - „Новогодишен подарок за Перко“ -сликовница во стихови;
  11. 2017 - „ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ“ - збирка поезија за деца;
  12. 2018 - „ГАТАНКИ погодувалки-пишувалки“, книга за деца;

Проза за деца

уреди
  1. 2015 - „4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“ - книга со раскази и стихови за деца;
  2. 2017 - „Авантурите на мачорот Перко“ – раскази за деца;
  3. 2017 - „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“;
  4. 2019 - „Среќен роденден“ – книга со раскази за деца;
  5. 2019 - „ВОЛШЕБНАТА САНКА“ - сликовница за деца;

Автор е и на многу образовни боенки и сликовници за деца од предучилишна возраст, автор и соавтор е на 18 образовни книги – прирачници за предучилишна возраст објавувани во периодот од 1992 до 2019 година. Автор и соавтор е и на 16 учебници и прирачници за основно и средно образование објавени во периодот од 1990 до 2009 година.

Награди

уреди

Добитник е на повеќе награди на национално ниво:

  • 2016 - Награда „СТРУШКО ИЗГРЕЈСОНЦЕ“ за најдобра поетска книга за деца „ВЕСЕЛИ ПЕСНИ СО БУКВИТЕ ЛЕСНИ“;
  • 2018 - Награда за најдобра поетска творба за возрасни „ЕЗЕРОТО“ на ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР;
  • 2019 - Прва награда за најдобар краток расказ со наслов „Планина од полски цвеќиња“ од ОЖ на Општина Битола; 2019 - ТРИ НАГРАДИ за најдобри книги за деца во 2018 година, на ОХРИДИЈАДА 2019;
  • 2020 - Награда за печатење на поетската книга за возрасни „ЗДИВОТ НА СТРАСТА“ на Дата песнопој 2020
  • 2022 - Награда „Ванчо Николески“ за „Чудесен дар во годишен календар“[1]

Наводи

уреди
  1. „Ели Маказлиева ја доби наградата „Ванчо Николески" на ДПМ за 2022“. Независен. 02.02.2023. Посетено на 12 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)