Еремија (библиска книга)

книга од Библијата

„Книгата на пророкот Еремија“ — книга од Стариот завет во која се опишани пророштвата на пророкот Еремија, синот на Хелкија, за судбината на Јудеја и на Ерусалим.

Содржина

уреди

Уште пред да се роди Еремија, Бог го предодредува за свој пророк и му наложува да ги извести Јудејците за казната којашто ќе ги снајде поради напуштањето на божјиот завет и идолопоклонството. Според пророштвото, од север ќе дојде силна војска која ќе ја опустоши Јудеја, а народот ќе биде поробен. Покрај тоа, Еремија пророкува и за сушата и гладот што ќе ја зафати Јудеја како казна за безбожништвото, како и за опустошувањето на Ерусалим при што Израилците и нивните цареви ќе бидат одведени како робови во Вавилон, но подоцна Бог ќе се смилува на нив и подобриот дел од нив повторно ќе го врати во татковината. Исто така, тој ги пренесува и божјите пораки за почитување на саботата како свет ден и против лажните пророци. Поради своите пророштва, Еремија е омразен и прогонуван од сонародниците кои му веруваат на лажниот пророк Ананија кој, сепак, умира истата година. Еремија пророкува дека Бог повторно ќе ги восдигне Јудеја и Израилот и дека ќе склучи нов завет со нив. За време на опсадата на Ерусалим, Еремија е затворен поради своите мрачни пророштва. Тогаш, тој ги запишува своите зборови, но царот Јоаким ги пали, по што Еремија повторно ги запишува пророштвата. Еремија е затворен и за време на владеењето на царот Седекија при што кнезовите бараат смрт за него и го фрлаат во јама, но царот се смилува и го извлекува од јамата, а Еремија го советува царот да им се предаде на Вавилонците. Најпосле, во согласност со неговите пророштва, вавилонската војска го зазема Ерусалим, царот Седекија е ослепен и во окови одведен во Вавилон заедно со дел од народот, другите јудејски великодостојници се убиени, градот е запален, а неговите ѕидови се урнати. По налог на вавилонскиот цар Навуходоносор, Еремија е ослободен и тој останува кај царскиот намесник Годолија, кој набргу е убиен. Дел од Јудејците, предводен од Јоанан, бара засолниште во Египет, наспроти предупредувањето на Еремија. Таму, тие продолжуваат со почитувањето на туѓите богови и Еремија ги предупредува дека Бог ќе го истреби сите неверни Јудејци. Исто така, Еремија пророкува дека Навуходоносор ќе го порази египетскиот цар и Египет ќе пропадне, а истата судбина ги чека и Тир, Сидон, Филистејците, Моав и Амон. Најпосле, Еремија кажува пророштво за пропаста на Вавилон, кој ќе биде уништен како казна за поробувањето на Израилците и Јудејците, кои потоа ќе се вратат во татковината.[1]

Наводи

уреди
  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 951-1010.
🔥 Top keywords: Главна страницаГрузијаВесна ЈаневскаСпецијална:БарајХристијан МицкоскиКарлес ПуџдемонЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеОче нашРелигија во ГрузијаВикипедија:Подигни податотекаВлада на Христијан МицкоскиСкопјеХороскопски знациФјодор Михајлович ДостоевскиАрбен ТаравариКатегорија:Села во МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND)Втора светска војнаСпецијална:СкорешниПромениВлада на МакедонијаСистемски лупус еритематозусТимчо МуцунскиЏулијан АсанжМРТ 3Список на змии во МакедонијаЉубомир ГајдовАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМочуриштеСписок на градови во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаГеографија на МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеКатегорија:Дела на Фјодор ДостоевскиГрад (метеорологија)ГерманијаМакедонски парламентарни избори (2024)