Ернст Калтенбрунер

Ернст Калтенбрунер (4 октомври 190316 октомври 1946) бил нацистички службеник за време на Втората светска војна.

Ернст Калтенбрунер
Роден10 октомври 1903
Рид им Инкрајс, Австрија
Починал16 октомври 1946
Нирнберг, Германија

Ран живот

уреди

Калтенбрунер е роден во Рид им Инкрајс, мал град во Австрија, како син на адвокат. Образованието го стекнал во државната општа гимназија во Линц, и на универзитетот во Грац. Тргнал по стапките на татко му, а во 1926 и тој самиот станал адвокат. Сепак, на таа работа кратко се задржал (19261928), и тоа по австриските градови Салцбург и Линц. Бил е висок два метри.

Се придружил на Нацистичката партија и СС во Австрија во 1932 година, а ја имал улогата на претставник на округ (германски: Gauredner), и главен советник на 8-та СС дивизија. Во јануари 1934 година бил кратко задржан во затвор со останатите нацисти. Подоцна истата година бил повторно затворен под сомневање во велепредавство и замешаност во убиството на тогашниот премиер на Австрија, Енгелберт Долфус, кој бил заслужен за првото Калтенбрунерово затворање. Но, поголемиот дел од оптужбата пропаднал, и Калтенбрунер во затвор поминал само шест месеци поради завера.

Надворешни врски

уреди
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајКарлес ПуџдемонВесна ЈаневскаЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаОче нашХристијан МицкоскиГрузијаСкопјеСписок на змии во МакедонијаВтора светска војнаПоштенски броеви во МакедонијаХороскопски знациМочуриштеАрбен ТаравариАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаКатегорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND)Видовден„Независна Македонија“ (спортска сала)Список на градови во МакедонијаПемфигус вулгарисКатегорија:Села во МакедонијаСпецијална:СкорешниПромениТимчо МуцунскиПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)БоливијаХрватски месециМинистерство за животна средина и просторно планирањеМенструален циклусСписок на држави во светотСписок на повикувачки броеви на земјитеИванденГрад (метеорологија)ПетровденПајак (пејач)Овчи сипанициРоберт Вељановски