Еуфразиева базилика

Еуфразиевата базилика е една од најсочуваните споменици на рановизантиската уметност на Средоземјето. Се наоѓа во Пореч, Хрватска. Била изградена во 6 век за време на бискупот Еуфразиј и царот Јустинијан I. Од 1997 година е под заштита на УНЕСКО. Оваа базилика започнала да се гради во 553 година на темелите на друга исто така базилика од порано време. Подоцна, во базиликата била изградена и трета црква од времето и тоа во готски стил. Иако самиот објект бил оштетен од разни земјотреси, пожари и војни, сепак мозаикот кој потекнува од уште 5 век останал сочуван до ден денес. Најстариот пак фрагмент на мозаикот датира од 3 век.

🔥 Top keywords: Главна страницаГрузијаВесна ЈаневскаСпецијална:БарајХристијан МицкоскиКарлес ПуџдемонЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеОче нашРелигија во ГрузијаВикипедија:Подигни податотекаВлада на Христијан МицкоскиСкопјеХороскопски знациФјодор Михајлович ДостоевскиАрбен ТаравариКатегорија:Села во МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND)Втора светска војнаСпецијална:СкорешниПромениВлада на МакедонијаСистемски лупус еритематозусТимчо МуцунскиЏулијан АсанжМРТ 3Список на змии во МакедонијаЉубомир ГајдовАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМочуриштеСписок на градови во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаГеографија на МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеКатегорија:Дела на Фјодор ДостоевскиГрад (метеорологија)ГерманијаМакедонски парламентарни избори (2024)