Западна Сахара

Западна Сахара е една од најслабо населените територии во светот и претежно претставува пустинска земја. Се наоѓа во Северозападна Африка и се граничи со Мароко на север, со Алжир на североисток, со Мавританија на исток и југ и со Атлантскиот Океан на запад. Главен град е ел-Ајун, во кој живее преку третина од населението на Западна Сахара.

Западна Сахара
الصحراء الغربية
As-Ṣaḥrā' al-Ġarbiyyah
Sahara Occidental
Знаме Грб
Гесло„Слобода, Демократија, Единство“
Химнаيا بني الصحراء
„Ох, синови на Сахара!

Местоположба на Западна Сахара
Главен градн/п
Најголем град ел-Ајун
Службен јазик арапски де јуре1, шпански де факто
Демоним Сахрави
Оспорена незавосност
 •  Отцепена од Шпанија 14 ноември 1975 
Површина
 •  Вкупна 266.000 км2 (77ма)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за јули 2007 г. 382.617 (167ма)
 •  Густина 1.3 жит/км2 (238ма)
Валута Марокански дирхам (MAD)
Часовен појас UTC (UTC+0)
 •  (ЛСВ) GMT (UTC)
НДД .eh е резервиран, но не се користи
Повик. бр. 212

Мароко и движењето за независност Полисарио се стремат да ја контролираат оваа територија. По примирјето од 1991 година главнината од територијата на Западна Сахара ја контролира Мароко, а Сахарската Арапска Демократска Република има контрола само на мал дел од територијата. Независноста на Западна Сахара е призната од страна на 45 држави, додека Мароко има добиено формална поддршка за својата позиција од 25 држави, во прв ред од државите членки на Арапската Лига.

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајХристијан МицкоскиКарлес ПуџдемонМакедонијаЕвропско првенство во фудбал 2024Петре М. АндреевскиВесна ЈаневскаТимчо МуцунскиЏулијан АсанжОче нашСпецијална:СкорешниПромениСкопјеВтора светска војнаАрбен ТаравариВладо МисајловскиВлада на Христијан МицкоскиВлада на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)ГрцијаСписок на змии во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСписок на градови во МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаПремиер на МакедонијаАлександар III МакедонскиВладо КамбовскиПоштенски броеви во МакедонијаХороскопски знациКатегорија:Села во МакедонијаАтанас БабатаСтефан АндоновскиСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеХрватски месециСписок на повикувачки броеви на земјитеМочуриштеМенструален циклусИванденГордана Сиљановска-Давкова