Кнежевство Србија

Кнежевството Србија (српски: Кнежевина Србија / Kneževina Srbija) било полунезависна држава на Балканот која била создадена со Српската револуција, која траела меѓу 1804 и 1817. Неговото создавање било договорено прво преку непишан договор меѓу Милош Обреновиќ, водачот на Второто српско востание и Марашли паша. Со Хатишериф во 1830 година било признато и од Портата.

Кнежевство Србија
Кнежевина Србија
Kneževina Srbija

1815 – 1882 

ЗнамеГрб
Местоположба на Србија
Кнежевството Србија во 1878 година
Главен град
УредувањеКнежевство
Кнез
 - 1817–39Милош Обреновиќ I (прв)
 - 1868–82Милан Обреновиќ IV (последен)
Премиер
 - 1815–1816Петар Николаевиќ Молер (прв)
 - 1880–1882Милан Пироќанец (последен)
Историја
 - Признато од Портата1815
 - Ден на државноста15 февруари 1835c
 - Признаено13 јули 1878d
 - Прогласено за кралство1882
a: Преместен во Белград во 1838.
b: де јуре со Хатишериф од 1830.
c: Почеток на Првото српско востание, усвоен е првиот устав.
d: Де факто независност од 1867, де јуре со Берлинскиот конгрес.

Со Берлинскиот конгрес од 1878, кнежевството добило и меѓународно признавање. Кнежевството Србија постоело до 1882 кога било прогласено за кралство.

Култура

уреди
Насловната страна на Новине србске од 10 јуни 1840

Во овој период е основана првата гимназија во Србија, во Крагуевац во 1833, потоа и првиот театар, Кнежевско-српскиот театар во 1835.

Во 1838, бил основан Лицеј. Неговото прераснување во Велика школа во 1863 година е претходник на Белградскиот универзитет.

Великата школа била сместена во Зградата на капетанот Миша која ја поклонил Миша Анастасиевиќ на „својата татковина“.

Кнезови

уреди
ПортретИмеРоденПочиналОдДоЗабелешки
Милош Обреновиќ I17 март 178026 септември 18606 ноември 181725 јуни 1839
Милан Обреновиќ II21 октомври 18198 јули 183925 јуни 18398 јули 1839син на Милош Обреновиќ I
Михајло Обреновиќ III16 септември 182310 јуни 18688 јули 183914 септември 1842син на Милош Обреновиќ I
Александар Караѓорѓевиќ11 октомври 18063 мај 188514 септември 184223 декември 1858
Милош Обреновиќ I17 март 1780септември 186023 декември 185826 септември 1860
Михајло Обреновиќ III16 септември 182310 јуни 186826 септември 186010 јуни 1868
Милан Обреновиќ IV22 август 185411 февруари 190110 јуни 18686 март 1882