Мирко Стефановски

Тихомир „Мирко“ Стефановски (Скопје, 7 септември 1921Скопје, 31 октомври 1981) – македонски режисер и глумец.[1]

Мирко Стефановски
Роден7 септември 1921
Скопје, Кралство СХС
Починал31 октомври 1981(1981-10-31) (возр. 60)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец-Југословен
НародностМакедонец
Занимањепублицист, новинар, филмски и фотографски автор
СопружникНада Стефановска
РодниниРисто Стефановски (брат)
ДецаГоран Стефановски, Влатко Стефановски

Животопис

уреди

Тихомир (роденото име на Мирко) бил роден на 7 септември 1921 година во Дебар Маало, Скопје.

Бил член на предвоениот Модерен театар (Модерно позориште), член на патувачкиот театар „Димче Трајковски“. По Втората светска војна бил раководител на културно-забавната група на 42. Македонска дивизија на НОВ. Бил еден од основачите на МНТ и член на Драмата на МНТ до 1951 година.

Во 1951 година, Стефановски станал режисер во Народниот театар во Битола каде останал до 1954 година и каде во 1952 година го добил синот Горан.

Од 1954 до 1960 година, тој работел во Народниот театар во Прилеп како режисер и директор. Во 1957 година го добил синот Влатко.

Од 1960 до 1962 година бил директор на Работничкиот дом во Скопје, а од 1962 до 1964 бил помошник-управник на МНТ. Од 1965 до крајот на својот живот бил постојан режисер во Театарот на народностите во Скопје.

Како прв македонски режисер ја поставил „Вејка на ветерот“ како прво македонско дело во Птуј, Словенија. Бил режисер на девет праизведби од македонски автори.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Стефановски Мирко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1425. Text "series" ignored (help)

Надворешни врски

уреди

Мирко Стефановски[мртва врска] на Macedonism