Оска
Оска — замислена права спрема која некоја точка или тело има одредена положба или одредени математички, физички или други својства. На пример:
- координатните оски го одредуваат просторот во кој секоја точка има строго дефинирана положба (на Декартов или правоаголен координатен систем);
- оската на симетрија на вртежно симетрично тело е геометриската место на средиштето на концентричните и меѓусебно паралелни кругови на кои лежат сите точки на телото;
- оската на ротација на тело е права на која точките на телото мируваат, додека сите останати се движат по кружни патеки со средишта на таа права (на пример, жироскопот има 3 оски на ротација);
- оптичката оска е права што ги поврзува жариштата (фокусите) на леќите на оптичкиот систем (двоглед, микроскоп, итн.);
- во кристалографијата, оптичката оска е правецот во дволомен кристал во кој брзините на двата зраци се еднакви, односно правец во кој нема дволом (еднооснииот кристал има една таква оска, двоаксијалниот две);
- небесната или светската оска се совпаѓа со оската на ротација на Земјата, се протега до бесконечност и го пробива сводот на нејзините полови.[1] Небесната оска е замислена права идентична со Земјината оска на ротација и ја пробива небесната сфера на северниот и јужниот небесен пол. Приближно во точката на северниот небесен пол се наоѓа Северницата. Се чини дека небесната сфера ротира околу небесната оска (привидната ротација е предизвикана од ротацијата на Земјата). Сите небесни тела очигледно ротираат околу небесната оска.[2]
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/0e/Cartesian-coordinate-system.svg/200px-Cartesian-coordinate-system.svg.png)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Nebeska_sfera_3.png/200px-Nebeska_sfera_3.png)
Наводи
уреди- ↑ os, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2015.
- ↑ Vladis Vujnović : "Astronomija", Školska knjiga, 1989.
🔥 Top keywords: Главна страницаВидовденСпецијална:БарајКарлес ПуџдемонСливнички манастирМакедонијаОче нашЃорче ПетровСкопјеЕвропско првенство во фудбал 2024Весна ЈаневскаХристијан МицкоскиСтефан АндоновскиКосовска биткаПоштенски броеви во МакедонијаПемфигус вулгарисИванденСписок на повикувачки броеви на земјитеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациСпецијална:СкорешниПромениГордана Сиљановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2024)АлбанијаРани центри на христијанството28 јуниМочуриштеСтрептококен фарингитисВлада на МакедонијаСвети Кирил и МетодијСписок на држави во светотЏо БајденСписок на змии во МакедонијаВтора светска војнаПопис на населението во Македонија (2021)ПетровденГрузијаТимчо МуцунскиЦар Самоил