Пештера Снежанка
Пештера Снежанка се наоѓа на Родопските Планини во Бугарија. Оддалечена пет километри од градот Пештера.
Назив
уредиИмето го добила поради снежно белите пештерски форми во двораните. Целата дворана потсетува на бајка за Снежана и седумте џуџиња до најситните детали па уште се нарекува и „Волшебна дворана” .
Особености
уредиТаа е најмала пештера на територија на Бугарија. Долга е само 145 метри. Постојана годишна температура во пештерата е 9 степени.
Низ пештерата течат пет подземни езера.
Внатрешност
уредиБогата е со пештерски украси. Обилува со сталагмити, сталактитии драперии. Должина на најголемиот сталактит изнесува 1,27 метри.
Се состои од повеќе дворани: Дворана брада, Голема дворана, Концертен хол и Волшебна дворана.
- Волшебна дворана името го добила поради сталактитите кои при секој допир произведуваат поинаков звук. Прекриена е со снежно бели кристали.
- Дворана брада се наоѓа веднаш по поминување низ Волшебната дворана. Од таванот се спушта силно корење пд буки стари преку стотина години. Корењто ѕирка низ мермерните карпи на пештерата и подсетуваат на „темно костенлива брада”.
Во средиштето на пештерата се наоѓаат тркалезни огништа кои потекнуваат од рано железно време. Околу огништата се пронајдени предмети за домаќинство и животински коски.[1]
Историја
уредиСоздадена е пред повеќе од три милиони години. Ја формирала Новомахленска река.
Пештерата ја откриле три спелеолога на 3 јануари 1961 година.
Постојат галерии кои сеште не се доволно истражени.
Туристичко значење
уредиПристапот до пештерата е уреден, а самата пештера е добро осветлена.
Клаасифицирана е на список на 100 Национални туристички објекти.