Салаетин Билал

Салаетин Билал (Скопје, 19 март 1942 - Скопје, 10 мај 2018) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец од турска народност.

Салаетин Билал
Роден19 март 1942
Скопје, Царство Бугарија
Починал10 мај 2018(2018-05-10) (возр. 76)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
НародностТурчин
Познатпо улогата во:
Тврдокорни
Прашина
Зад непријателските линии
Македонски народни приказни
Збогум Румелија
Сенки
Солунски патрдии
Мајки
Занимањеглумец
СопружникМукерем Билал

Животопис

уреди

Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година, тој станал член на ансамблот на Турски театар - Скопје. Како глумец гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.

За своето глумечко умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за глумец на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“, Добитник е на Наградата за животно дело "Војдан Чернодрински" 2014.Починал во Скопје на 10 мај 2018 година.[1]

Филмографија

уреди
ГодинаФилмУлога
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1976Најдолгиот пат ТВ-филмКајмакам
1977Итар Пејо ТВ-серија
1980Време, води ТВ-филмКајмакам
1982Полноќно сонце краток филм
1982Илинден ТВ-серија
1983Премиера ТВ-филм
1983Записник ТВ-филм
1984Белото циганче ТВ-серија
1985Курсот завршува со коњ ТВ-филмТахир
1985Од зад грб ТВ-филмСами
1985На наш начин ТВ-филм
1986Солунски патрдии ТВ-серијаЈашар Бег
1987Народни трибуни ТВ-серија
1988-1989Тврдокорни ТВ-серија
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаСамба
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмПаша ефенди
1993Македонска сага ТВ-филм
1994Македонски народни приказни ТВ-серија
1995Ангели на отпад ТВ-филм
1997Џипси меџик ТВ-филм
2000Глас ТВ-филм
2000-2001Во светот на бајките ТВ-серија
2001Прашина ТВ-филм
2001Зад непријателските линии ТВ-филм
2002Наше маало ТВ-серија
2003Чекор пред времето ТВ-филм
2003Нежната прашина на заборавот ТВ-серијаАбдурахман Паша
2004Илузија ТВ-филм
2004Под ТВ-филмТанас Митикј
2005Крчма на патот кон Европа ТВ-филмРисте
2006Таква ТВ-филмШукру
2007Стапица ТВ-филмТаткото на Соња
2007Сенки ТВ-филмГерасим
2007-2009Збогум Румелија ТВ-серијаМасер Паша
2009Исток, запад , исток ТВ-филмКелнер
2009-2010Балканска свадба ТВ-серијаВлатко
2010Народни Приказни ТВ-серијаМомир
2010Жарче ТВ-филмДедото
2010Мајки ТВ-филмДедо
2010-2012Македонски народни приказни ТВ-серија
2012Трето полувреме ТВ-филмЧевлар
2013Балканот не е мртов ТВ-филмВалијата
2013Игра и спас ТВ-филмТаткото
2014До балчак ТВ-филмГостилничарот
2014Големата врата ТВ-серија
2015Три дена во септември ТВ-филмБакалот
2015Лимоната ТВ-филмАли Риза
2016Преспав ТВ-серијаДиректорот Ташко
2017Евгеничарите ТВ-филмСтар човек
20175+ фамилија ТВ-серија
2018Народни приказни ТВ-серијаКадијата
2018Незаборавна пролет, во заборавено село ТВ-филмБасри
2018Дедо и внук ТВ-филмДедото

Наводи

уреди
  1. Почина Салаетин Билал, омиленскиот македонски глумец на филмските и театарски режисери. Архивирано од изворникот на 2018-05-11. Посетено на 2018-05-11.

Надворешни врски

уреди