Тихомир Костадинов

македонски фудбалер

Тихомир Костадинов (роден на 4 март 1997, во Валандово) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Пјаст Гливице и на македонската репрезентацијата.

Тихомир Костадинов
Лични податоци
Роден на4 март 1997(1997-03-04)(27 г.)
Роден воВаландово, Македонија
ДржаваМакедонија Македонија
Висина&100000000000001780000001,78 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубПјаст Гливице Пјаст Гливице
Број96
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2014Моравац Мртшане Моравац Мрштане7(0)
2015Тетекс Тетекс8(0)
2015-2016Дукла Банска Бистрица Дукла Б.Б.25(4)
2016-2017Злате Моравце Злате Моравце21(1)
2017-2022Ружомберок Ружомберок109(11)
2022-Пјаст Гливице Пјаст Гливице8(0)
Репрезентација
2012Македонија Македонија 172(0)
2014Македонија Македонија 193(0)
2015-2019Македонија Македонија 2117(4)
2019-Македонија Македонија19(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Роден во Валандово, својата кариера ја започнал во соседна Србија во екипата на Моравац Мрштане, за која дебитирал како професионалец во второто ниво на земјата во сезоната 2014-2015.[1] Сепак, тој се вратил во Македонија за вториот дел од сезоната, каде играл за Тетекс од Тетово.

Во летото 2015 година, се преселил во Словачка, каде ги поминал следните шест ипол години играјќи во првенството на таа земја за три различни екипи Дукла Банска Бистрица (2015-2016), Злате Моравце (2016-2017) и на крајот за Ружомберок, каде се задржал и најдолго од 2017 до 2022 година. Својот прв гол за Ружомберок го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето против Сеница.[2]

На 23 декември 2021, Костадинов потпишал за полскиот клуб Пјаст Гливице.[3] Своето деби во полската Екстракласа го направил на 26 февруари 2022, во натпреварот на домашен терен против Гурник Забже што завршил 0-0, заменувајќи го Рауно Сапинен во 65-тата минута. На 9 април 2022, во победата со 1-0 над Гурник Лечна, Костадинов претрпел тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено;[4] десеттина дена подоцна, тој бил успешно опериран во Барселона, по што неговата прва сезона во Полска завршила предвреме со само 6 настапи за Пјаст Гливице.[5]

Откако целосно ја пропуштил сезоната 2022-2023, Костадинов го направил долго чеканото враќање на терените за Пјаст Гливице на 24 ноември 2023, влегувајќи во игра како доцна замена во ремито 0-0 против Јагелонија Бјалисток, само неколку дена подоцна откако претходно настапил за репрезентацијата на Македонија против Англија.

Репрезентативна кариера

уреди

Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија го направил во ноември 2019 во квалификациите за Европското првенство 2020 против Австрија.[6]

Во 2021 година, бил повикан да настапи за Македонија на Европското првенство 2020.[7] Таму тој забележал два настапи, и двата влегувајќи како замена од клупата во првиот (против Австрија) и третиот натпревар (против Холандија) од групната фаза, по која неговата репрезентација била елиминирана од турнирот.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
16-11-2019ВиенаАвстрија 2 – 1  МакедонијаКвал. за Евро 2020-
19-11-2019СкопјеМакедонија 1 – 0  ИзраелКвал. за Евро 2020-
8-10-2020СкопјеМакедонија 2 – 1  КосовоКвал. за Евро 2020-  88'
11-10-2020ТалинЕстонија 3 – 3  МакедонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  78'
14-10-2020СкопјеМакедонија 1 – 1  ГрузијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  89'
12-11-2020ТбилисиГрузија 0 – 1  МакедонијаКвал. за Евро 2020-  84' 90+3'
15-11-2020СкопјеМакедонија 2 – 1  ЕстонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  59'
18-11-2020ЕреванЕрменија 1 – 0  МакедонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-  62'
1-6-2021СкопјеМакедонија 1 – 1  СловенијаПријателска-  58' 76'
4-6-2021СкопјеМакедонија 4 – 0  КазахстанПријателска- 52'  73'
13-6-2021БукурештАвстрија 3 – 1  МакедонијаЕвро 2020 - Прва фаза-  63'
21-6-2021АмстердамМакедонија 0 – 3  ХоландијаЕвро 2020 - Прва фаза-  69' 84'
2-9-2021СкопјеМакедонија 0 – 0  ЕрменијаКвал. за СП 2022- 80'  83'
5-9-2021РејкјавикИсланд 2 – 2  МакедонијаКвал. за СП 2022-  80'
8-9-2021СкопјеМакедонија 0 – 0  РоманијаКвал. за СП 2022- 71'
11-10-2021СкопјеМакедонија 0 – 4  ГерманијаКвал. за СП 2022-  77'
11-11-2021ЕреванЕрменија 0 – 5  МакедонијаКвал. за СП 2022- 53'  83'
14-11-2021СкопјеМакедонија 3 – 1  ИсландКвал. за СП 2022- 45+1'
29-3-2022ПортоПортугалија 2 – 0  МакедонијаКвал. за СП 2022-  75'
ВкупноНастапи19Голови0

Наводи

уреди
  1. Тихомир Костадинов на soccerway
  2. „Костадинов го постигна деби-голот за Ружомберок“. gol.mk. 24 октомври 2017. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Костадинов се сели во Полска“. vesti.mk. 23 декември 2021. Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 12 април 2022.
  4. „Тихомир Костадинов ги скина лигаментите на коленото“. MakFax. 11 април 2022. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  5. „Старт на долгиот процес: Костадинов успешно опериран по тешката повреда (Фото)“. derbi.mk. 22 април 2022. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  6. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-04-15.
  7. „Иго Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 2020“. ФФМ. 20 мај 2021. Посетено на 22 април 2022.

Надворешни врски

уреди