Централен комитет на МРО

Централниот комитет бил раководното тело на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Револуционерната мрежа на ВМРО била изградена од селски, окружни и околиски комитети а целосната дејност и важните решенија на организацијата зависеле од Централниот комитет.[1] За прв претседател на комитетот бил избран Христо Татарчев во 1894 година. Паралелно со Централниот комитет во 1896 година со работа започнува и Задграничното претставништво кое било прекинато во 1928 година. Централниот комитет прекинува со работа по Деветнаесетомајскиот преврат во 1934 година во Бугарија кога биле преземени мерки за ликвидирање на ВМРО и тогашниот раководител Иван Михајлов.

Признаница на Централниот комитет на ВМРО од 15 јануари 1924, дадена на Георги Стрезов со потписот на Тодор Александров.

Членови на Централниот комитет

уреди
ИмеГодини на
управување
Христо Татарчев1894-1901
Даме Груев1894-1901
Иван Хаџи Николов1894-1901
Христо Матов1896-1902
Христо Поп Коцев1896-1897
Григор Попев1896-1901
Димитар Стефанов1901-1902
Пере Тошев1905-1908
Туше Делииванов1901-1902
Христо Матов1902-1905
Христо Татарчев1902-1905
Иван Гарванов1903
Спас Мартинов1903
Димитар Мирчев1903
Христо Поп Коцев1903-1904
Даме Груев1905-1906
Петар Поп Арсов1905-1906
Димитар Стефанов1905-1906
Ѓорче Петров1905-1907
Пере Тошев1905-1908
Тодор Поп Антов1905-1908
Борис Сарафов1906-1907
Иван Гарванов1906-1907
Христо Матов1906-1907
Тодор Александров1907-1908
Павел Христов1908
Ефрем Чучков1908
Петко Пенчев1908

Наводи

уреди