19 април (настани)

шаблон на Викимедија
1587 Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадис.
1775 Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија.
1839 Со Лондонскиот договор, се формира Кралството Белгија, а потврдена е и независноста на Големото Војводство Луксембург.
1909 Јованка Орлеанка е прогласена за светица.
1943 Втора светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето.
1945 Втора светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг.
1956 Склучен е бракот помеѓу американската глумица Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III.
1961 Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех.
1971 СССР ја лансира вселенската станицаСаљут“ во орбитата околу Земјата.
1993 Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
1995 Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви.
1997 Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија.
1999 Германското собрание се враќа во Берлин.
2000 Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице.
2005 Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI.
2019 Мигел Дијас-Канел станува претседател на Куба.