<<април>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
282930
2024

24 април — 114-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (115-и во престапна година). Остануваат 251 денови до крајот на годината.

Настани:

1184 п.н.е. Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“.
1854 Врховниот суд на САД донел пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструирал машината за шиење и во потрага за покровител отишол во Англија, каде директорот на патувачкиот театарСингер“ и други луѓе го измамиле и почнале да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го добил по судски пат и секојдневно примал по 4.000 долари за лиценцата.
1877 Царот на Русија Александар II му објавил војна на Османлиското царство, бидејќи одбило да го почитува Лондонскиот договор. Војната завршила во декември, кога британската флота ја принудила руската војска да се повлече.
1898 Шпанија ѝ објавила војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на шпанската војска од Куба.
1945 Втора светска војна: Американската војска го ослободила концентрациониот логорДахау“.
1949 Во Скопје се одржало првото Универзитетско собрание во Македонија при што е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го добил името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“.
1970 Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1995 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.

Родени:

1873 Роберт Вине — германски режисер.
1889 Љубов Попова — руска сликарка.
1904 Вилем де Кунинг — холандски сликар.
1934 Ширли Меклејн — американска глумица.
1937 Џо Хендерсон — американски џез-музичар.
1941 Ричард Холбрук Чарлс Алберт — американски дипломат.
1942 Барбара Стрејсенд — американска глумица и пејачка.
1944 Тони Висконти — американски музички продуцент.
1962 Сјуарт Пирс — англиски фудбалер.
1963 Пола Фрејзер — американска пејачка.
1966 Алесандро Костакурта — италијански фудбалер.
1967 Дино Раџа — хрватски и југословенски кошаркар.
1969 Рене Зелвегер — американска глумица и пејачка.
1972 Јуре Кошир — словенечки скијач.
1976 Хуан Мануел Гарате — шпански велосипедист.
1981 Величе Шумуликоски — македонски фудбалер.
1985 Мајк Роџерс — американски атлетичар.
1987 Реин Тарамае — естонски велосипедист.
1987 Јан Вертонген — белгиски фудбалер.
1990 Јан Весели — чешки кошаркар.
1996 Ешли Барти — австралиска тенисерка.

Починале:

1731 Даниел Дефо — англиски писател.
1905 Христо Узунов — македонски револуционер.
1986 Волис Симпсон — сопруга на абдицираниот Едвард VIII.
1989 Франц Биндер — австриски фудбалер.
1993 Митко Илиевски — еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
2014 Тадеуш Ружевич — полски писател.