9 јули (настани)
шаблон на Викимедија
1816 | Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина). |
1873 | Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска. |
1877 | Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт. |
1922 | Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди). |
1960 | Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал. |
1997 | Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени. |
🔥 Top keywords: Главна страницаКарлес ПуџдемонСпецијална:БарајЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаСписок на змии во МакедонијаОче нашГрузијаСкопјеПетровденВидовденАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациХристијан МицкоскиПоскокЈан Амос КоменскиСписок на градови во МакедонијаПетраркаВтора светска војнаАнета МицевскаДаниела ТемелковскаИванденРоберт ВељановскиГерманијаБитка кај БрегалницаШвајцаријаМочуриштеПопис на населението во Македонија (2021)АлбанијаРужица Милошеска БрчиоскаЕвропско првенство во фудбал 2020Бугаризација врз македонското малцинство во АлбанијаСпецијална:СкорешниПромениМакедонски парламентарни избори (2024)АреаСписок на државни знамињаДанскаПовикувачки броеви во МакедонијаЛазар Младенов