Арапаима

видови риби

Апараима, позната и како пираруку или паихе (Arapaima gigas) — јужноамериканска тропска слатководна риба. Таа е една од најголемите слатководни риби во светот.

Анатомија и морфологија

уреди
Арапаима со целата своја должина.

Арапаимата може да достигне должина и повеќе од 2 m, а во некои исклучителни случаи и повеќе од 2,5 m и преку 100 кг. Најчесто наведуваната максимална должина од 4,5 m доаѓа од еден извештај од првата половина на XIX век, но ова не е потврдено. Најголема телесна тежина која досега е пријавена за оваа риба е 200 кг.

Апараимата е најголемата слатководна риба. Таа често се лови од страна на населението во Јужна Америка како храна.

Екологија

уреди

Храната на апараимата се состои од риби, ракчиња и други мали животни. Оваа риба дише воздух, користејќи го својот рибен меур, кој е богат со крвни садови и се отвора во устата на рибата,[2] што е предност во води сиромашни со кислород, каква што е реката Амазон. Според ова, рибата е способна да преживее во плитки води со количина на растворен кислород ниска и до 0,5 ppm.

Наводи

уреди
  1. Arapaima gigas. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 13 март 2009. Базата на податоци вклучува малку информации за тоа зошто за овој вид се знае толку малку.
  2. Ferraris, C.J. (2003). „Family Arapaimatidae“. Во Reis, R.E., Kullander, S.O., Ferraris, C.J. (уред.). Check List of the Freshwater Fishes of South and Central America. Porto Alegre, Brazil: EDIPUCRS. стр. 582–588.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајКарлес ПуџдемонВесна ЈаневскаЕвропско првенство во фудбал 2024МакедонијаОче нашХристијан МицкоскиГрузијаСкопјеСписок на змии во МакедонијаВтора светска војнаПоштенски броеви во МакедонијаХороскопски знациМочуриштеАрбен ТаравариАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаКатегорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND)Видовден„Независна Македонија“ (спортска сала)Список на градови во МакедонијаПемфигус вулгарисКатегорија:Села во МакедонијаСпецијална:СкорешниПромениТимчо МуцунскиПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)БоливијаХрватски месециМинистерство за животна средина и просторно планирањеМенструален циклусСписок на држави во светотСписок на повикувачки броеви на земјитеИванденГрад (метеорологија)ПетровденПајак (пејач)Овчи сипанициРоберт Вељановски